ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Армијата и одбраната не се важни само за нашето НАТО членство туку и за членството во ЕУ

December 22, 2021 15:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Радмила Шекеринска денеска присуствуваше на церемонијата на прием на 100 нови професионални војници, што се одржа во касарната „Алекса Демниевски – Бауман“ во Велес. На огласот се пријавија 895 кандидати, со што уште еднаш се потврди зголемениот интерес кој последните четири години постојано расте заради подобрените услови за работа, информираат од Министерството за одбрана.

Честитајќи им го приемот, министерката рече дека тие се првите сто војници кои влегуваат во Армијата по целосното воено интегрирање во НАТО. „За вас тоа е чест а за нас одговорност да направиме се што треба за да го дадете вашиот максимум. Денеска со гордост можеме да кажеме дека секој припадник на Армијата има два целосни комплети на борбена униформа, чизми, спортска опрема, дека обезбедивме алпинистичка опрема, АБХО опрема, и дека сме влезени во процес на модернизација на Армијата со нови оклопни транспортери и со ново модерно вооружување“, рече Шекеринска.

Министерката рече дека Армијата освен за НАТО е важна и за членството во ЕУ. „Армијата и одбраната не се важни само за нашето НАТО членство туку и за членството во ЕУ кое ни е исто така стратешки приоритет. Вчера Владата потврди дека Северна Македонија ќе се приклучи на мултинационалната ЕУ борбена група стационирана во Грција, HELBROC, која е дел од заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата и во која ќе даваме придонес со еден лесен пешадиски вод. Со ова покажуваме дека нашите амбиции не завршија со членството во НАТО, туку се зголемија и ќе бидеме аргумент плус и за нашето членство во ЕУ“, подвлече министерката.

Министерката истакна и дека со членство во НАТО се зголемија предностите за Армијата.

„Ни се отворија вратите кон еден огромен потенцијал за усовршување во службата која убедена сум ќе го искористат сите припадници на Армијата. Ќе имате прилика да учествувате во многу НАТО обуки, да бидете дел од различни НАТО мисии и да ја покажете истата вештина и истото знаење како сојузничките армии“, рече Шекеринска.

 

Next Post

Бочварски: Реализацијата на капиталните инвестиции во делот на транспорт и врски ќе биде околу 91 процент

НАЈНОВО

Кошта: ЕУ го одобри 19-от пакет санкции кон Русија

October 23, 2025
Интерстелар – филмот што инспирираше вистинска физика

Интерстелар – филмот што инспирираше вистинска физика

October 23, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: Иднината на државата е во ЕУ

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk