ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со кредит од ЕБОР во износ од 110 милиони кредит ќе се гради автопатот од Букојчани до Кичево, дел од Коридорот 8

December 22, 2021 10:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)  одобри кредит во износ од 110 милиони евра за финансирање на изградбата и услугите за супервизија на 10,2 километри автопат од Коридорот 8 на потегот од Букојчани до Кичево, заедно со деталниот нацрт на под-секцијата од 4 километри. Европската Унија го кофинансира проектот со ЕУР 20 милиони инвестициски грант, преку Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ).

Претставникот на ЕБОР Анди Аранитаси на церемонијата на потпишување на договорот рече дека уште од 2001 година банката игра уникатна улога во поддршката на патниот сектор во земјава.

-Ја финансираше изградбата и модернизацијата на регионалните, локалните и Пан-Европските патишта, и обезбеди политички дијалог за зајакнување на институциите во земјата. Со оваа нова инвестиција, повторно ја потврдуваме нашата посветеност за изградба на подобра транспортна инфраструктура во земјата за добро на сите во граѓани и бизниси, посочи Аранитаси.

Министерот за финансии Фатмир Бесими нагласи дека Коридорот 8, чиј дел е и делницата од Букојчани до Кичево,  е еден од стратешките проекти за инфраструктурата на земјата, кој ќе ја направи поконкурентна.

-Со изградба на патната инфраструктура од Коридорот 8, во земјава ќе се заокружи изградбата на пан-Европскиот коридор значаен за подобра поврзаност на Северна Македонија, Албанија и Бугарија кон останатите европски земји. Ова ќе отвори нови пазари за македонските компании, ќе ја подобри нивната конкурентност и ќе овозможи одржлив економски раст, посочи Бесими.

Од ЕБОР нагласуваат дека покрај креирањето на нови работни места за време на изградбата, работите на новиот дел од автопатот ќе обезбедат можност за развој на вештини за младите луѓе во градежниот сектор, преку обука на лице место.

-Оваа програма за вклучување на младите е развиена од ЕБОР, и ги поддржува владините напори во промовирање на вработување на младите. Со проектот ќе се охрабри поголемо учество на приватниот сектор, со тендер за договор за градење и одржување, кој ќе вклучи справување со климатските ризици за време на фазите на изградба, работењето и одржувањето на проектот, порачуваат од ЕБОР.

Владите на Јапонија и Австрија, исто така, го поддржаа проектот преку финансирање на програмата за вклучување на млади и проценката за влијанието на климата.

ЕБОР досега за изградба на патишта во земјата, има обезбедено над ЕУР 400 милиони.

Коридорот 8 се протега на приближно 305 километри на територијата на државава и поврзува 62 отсто од популацијата во земјата. Неговиот развој е идентификуван како стратешки приоритет на земјата, но околу 60 отсто од него треба да биде изграден согласно стандардите за автопатишта. Земјата превзема напори за рехабилитација и продолжување на делови на постојниот пат, и гради нови секции, со цел целосно да ја модернизира маршрутата.

Коридорот 8 е патнички и железнички коридор од исток кон запад, кој се протега од бугарското пристаниште Варна на Црно Море до албанското пристаниште Драч на Јадранско Море. Опфаќа морски и езерски пристаништа, аеродроми, патишта и железница, во вкупна должина од 1.270 километри железница и 960 километри патишта./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СДСМ: Арсовска да си ја совлада суетата и ароганцијата и да ги продолжи проектите што ги започна Шилегов за доброто на Скопје

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk