ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски на состанок на Централниот совет на МПС: Даваме безрезервна поддршка на синдикалното делување

December 22, 2021 18:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓу првите зацртани цели што ги дефиниравме уште на почетокот на мандатот на актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи беше целосната, безрезервна поддршка на синдикалното делување, преку конкретно интензивирање на за нас неопходната социјална соработка и партнерство со репрезентативниот синдикат, отворање нови перспективи и можности за конкретни и поквалитетни договарања и решенија, со цел подобрување на професионалниот, социјалниот, економски статус на сите вработени во нашата институција“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во  поздравното обраќање на состанокот на Централниот совет на Македонскиот полициски синдикат (МПС) што се одржа во Охрид.

Според Спасовски, сето тоа ефектуираше со динамична соработка која беше заокружена со потпишувањето на новиот Колективен договор, со чии што измени е направен значаен исчекор со позитивна рефлексија во однос на синдикалните, социјалните и професионалните права на вработените во МВР.

Посочувајќи дел од новините во Колективниот договор, како што се наградата за добиено новороденче, исплатата во износ од 20 отсто средства наменети за храна за ноќна работа, исплата во износ од 5 проценти на час за домашно дежурство во криминалистичката полиција, награда за ментори за успешно спроведена менторска програма, јубилејна награда во износ од половина од просечна плата за работен стаж од 10 години во МВР, Спасовски нагласи дека во изминатиот период беа преземени сериозни активности за севкупно подобрување на материјално-техничката положба на полициските службеници, изразени како во поглед на професионалната опременост на полицијата, така и во поглед на инфраструктурните услови и капацитети за работа на полициските организациони единици.

– И во оваа тековна година продолживме со набавка на униформи, па специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи и чевли се набавени и за другите полициски службеници, за Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на БЈБ, за Хеликоптерската единица, а целосно нова униформа е обезбедена и за младите полицајци и приправници. Успеавме да обезбедиме зголемување на платите за 5 отсто за 2022 година, сè со цел продолжување на процесот на усогласување на платата за припадници на МВР. Покрај ова, веќе ги исплативме трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, а реализиравме навремена исплата на средства за тековните бонус плати, при што обезбедивме и средства за бонус плата за остварени над 150 часа прекувремена работа во текот на 2021 година. Ова се дел од работите што во овој интензивен реформски период зад нас успеавме да ги реализираме. Притоа, останавме посветени на начелата на отвореност, комуникација и соработка како базични за натамошно унапредување не само на професионалните и синдикални стандарди, туку и на севкупното функционирање на министерството како сервис на граѓаните, нагласи министерот Спасовски.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Американска ноќ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk