ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Поскапувањето нема да биде како што некои сеат страв кај народот, рестрикции нема да има

December 25, 2021 10:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да има рестрикции на струја по Нова Година. Ќе има доволно количество на електрична енергија, а поскапувањето нема да биде како што некои сеат страв кај граѓаните, порачува вицепремиерот за економски прашања, координација со економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи во предновогодишното видео интервју за МИА.

Тој не сака да навлегува во предвидувања колку ќе поскапи струјата по 1 јануари, но нагласува дека како Влада направиле се што е во нивна моќ за да осигураат евентуалното поскапување да не биде како што некои најавуваат.

– Знам сигурно една работа што ќе се случи, а тоа е дека за граѓаните ќе обезбедиме доволно електрична енергија, не само во јануари, туку и понатаму, што значи дека потребите за електрична енергија нема да се загрозат. Тоа значи дека нема да има рестрикции. Тоа можам да го гарантирам. Знам дека како Влада се што беше во наша моќ сторивме за да се осигура дека поскапувањето евентуално по 1 јануари не биде големо како што некои навестуваат. Јас гарантирам дека нема да биде како што некои сакаат да сеат страв кај граѓаните. И ќе продолжиме да инвестираме во обновливи извори на енергија, истакнува вицепремиерот.

За ранливите категории на граѓани ќе бидат обезбедени ваучери за енергетски додаток и ќе се прошири целната група.

– И претходно го имаа овој додаток, но тој беше вкалкулиран во социјалната помош. Тој ваучер сега ќе се прошири со поголема целна група и ќе оди директно како енергетски додаток за да се ублажи евентуалниот удар од можното зголемување, вели Битиќи.

За цените на основните прехранбени продукти кои се замрзнати до 31 јануари, вицепремиерот вели дека будно се следи ситуацијата и доколку е нужно, ќе бидат воведени и други мерки.

Битиќи не е застапник на тоа Владата да интервенира во пазарната економија со замрзнување на цените и со лимитирање на маржа, бидејќи смета дека сите чинители во општеството треба да бидат совесни и да не ги користат евентуалните можности за да ги зголемуваат цените, но, за жал, како што вели, се уште како општество не сме дораснати за вистинските пазарни вредности.

– Има еден концепт за кој се залагам повеќе од 20 години, а тоа е дека секогаш кога правиш нешто, прави го, но да не му наштетиш на другиот. Тоа значи да профитираш за себе, но ако заради твојот профит, тоа го правиш на грбот на стотици луѓе, сметам дека тоа не е етички и морално и според правилата на игра не би требало да се применува. Јас сум еден од првите кој најави дека ќе бидеме многу ригорозни кон компаниите ако има здружување и договарање на цени на одредени продукти затоа што тоа му наштетува на основниот принцип на пазарната економија. Јас сум поборник да елиминираме такви појави, а не да замрзнуваме цени. Но за жал, моравме да го направиме тоа затоа што во нашето општество не сме се уште дораснати за вистинските пазарни вредности кои треба да ги имаме, нагласува вицепремиерот Битиќи во интервјуто

извор: МИА
Next Post
Зоран Заев / фото: Б. Јордановска

Честитка на Заев за католички Божик: Да ги прифатиме пораките на празникот и да подадеме рака на оние на кои им е потребна

НАЈНОВО

Фото: МИА

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

November 8, 2025
Фото: МИА

Саем на домашни земјоделски производи во Градскиот парк во Скопје

November 8, 2025

(ВИДЕО) Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk