ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Стратегијата за пазарот на капитал ќе придонесе за натамошен развој на финансискиот пазар

December 27, 2021 12:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Динaмизирање на пазарот на капитал во Северна Македонија до ниво на просекот на ЕУ преку подигнување на нивото на пазарна капитализација, ликвидноста на пазарите на капитал, структурата на изворите на финансирање на проектите кај компаниите, структурата на инвестициските портфолија на индивидуалните инвеститори, како и финансиска едукација, се поставени цели со Стратегијата за развој на пазарот на капитал, што денеска беше усвоена од Советот за рaзвој на пазарот на капитал со кој претседава министерот за финансии Фатмир Бесими.

Покрај поттикнување на процесите за понатамошен развој на пазарот на капитал, целта на Стратегијата дополнително е преку современа регулација и проактивен надзор да поддржи одржлив развој на финансискиот систем за зголемување на придонесот кон забрзаниот раст на БДП и заштитата на корисниците на финансиските услуги.

– Развојот на пазарот на капитал е значаен долгорочен економски фактор кој влијае на клучните економски движења. Во Република Северна Македонија досега за унапредување на пазарот на капитал се одвивале активности кои првенствено биле на иницијатива на одреден учесник на пазарот и за определена конкретна област. Разбирливо  таквите активности даваат помал и краткотраен ефект, поради што подолго време се наметнуваше потребата од сеопфатен и меѓуинституционален пристап. Затоа преку инклузивен процес помеѓу сите учесници во Советот се пристапи кон изработка на Стратегија за развој на пазарот на капитал чија цел е да ги престави клучните полиња за развој, при што главниот фокус е ставен врз определување на можностите за проширување на понудата на долгорочни хартии од вредност и зголемување на побарувачката, пред сè од страна на поголемо учество на домаќинствата и домашните и странски институционални инвеститори, велат од Министерството за финансии.

Тоа ќе значи зголемување на можностите за финансирање на проекти на компаниите, но и поголема понуда на инструменти за домаќинствата и за домашни и странски институционални инвеститори.  Поразвиен национален пазар на капитал дава на компаниите можност полесно и поуспешно да се справуваат со секоја нова ситуација, нема да зависат само од банкарското финансирање и ќе ја зајакнат својата меѓународна конкурентност. Исто така, ќе се зголеми и понудата за секторот домаќинства, кој има најмногу парични средства расположливи за инвестирање, а кои во моментов најмногу се пласирани во депозити. Опфатени се и можностите за странските инвеститори кои имаат интерес, но се вложуваат напори тие инвеститори да се донесат на локалниот пазар.

Клучна улога ќе игра и финансиската едукација и подигнување на свесноста на придобивките од инструментите што се нудат. Преку јасно и прецизно толкување на информациите кои финансиските пазари ги нудат ќе се придонесе кон искористување на можностите и развој на пазарот на капитал.

Стратегијата ги содржи сите идентификувани специфични проблеми и нуди соодветни мерки кои би се однесувале на нивното решавање, за кои има консензус помеѓу членовите на Советот.

– Документот е одличен и сега следи период во кој ќе се посветиме активно на имплементација на предложените мерки и активности, за кои верувам дека во иднина во голема мера ќе придонесат за натамошен развој на финансиските пазари, особено на пазарот на капитал, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на седницата на Советот за развој на пазарот на капитал.

Работната група, која ја подготвуваше Стратегијата беше составена од претставници од Министерство за финансии, Министерство за економија, Народна банка на Република Северна Македонија, Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Македонска берза и Централен депозитар за хартии од вредност документ.

Советот за развој на пазарот на капитал има задача да ја следи состојбата на пазарот на капитал и да  предлага мерки за обезбедување негов континуиран раст и развој. Го сочинуваат министерот за финансии Фатмир Бесими, кој е и претседател на Советот, а членови се гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити, претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Крсте Шајноски, претседателот на  Македонската берза АД Скопје Иван Штериев, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување Максуд Али, директорката на Централниот депозитар на хартии од вредност АД Скопје Даринка Дамјановиќ, како и претставници од  Македонската банкарска асоцијација – Скопје, друштвата за управување со инвестициски фондови, од пензиските друштва и претставник од големите трговски субјекти предложен од Стопанската комора на Македонија, од Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Џабир Дерала

Од тешко, потешко

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk