Државниот завод за ревизија ја достави Годишната програма за работа на ДЗР 2022 до Собранието на Република Северна Македонија.
ДЗР за 2022 година планира да изврши вкупно 183 ревизии од кои 166 ревизии на регуларност, 12 ревизии на успешност и 5 ревизии на усогласеност. Од вкупно планираните ревизии, 45 ревизии се однесуваат на субјекти и теми за ревизии согласно Законот за државната ревизија, а 138 ревизии се однесуваат на субјектите кои учествуваа во Локалните избори 2021 година, известуваат од ДЗР.
Исто така од ДЗР соопштуваат дека заклучно со денот на изготвување на Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, пристигнати се вкупно 38 барања за вршење на ревизија, од кои најголем дел се барања доставени од граѓани или 47% и барања од страна на единици на локална самоуправа (ЕЛС) или 21%. Од вкупно пристигнатите барања за вршење на ревизија, Државниот завод за ревизија прифати 15 барања за вршење на ревизија, односно високи 39% од вкупно пристигнатите барања за вршење на ревизија.