Обезбедени се 20.125 евра наменети за поддршка на децата и младинците згрижени во СОС Детско село. Средствата се собрани преку концептот на хуманитарна активност за 2021 година во кој ИТ компаниите донираа средства за секој изминат зелен километар (физички активности како пешачење, трчање и возење велосипед) од страна на нивните вработени.
Како што информира СОС Детско село, донаторскиот проект „IT 4 Charity – 2021“ успешно заврши и го подржаа 15 ИТ компании и 528 вработени. Оттаму посочуваат дека поминати се 60.906,58 километри пеш, извозени се 13.973,69 километри со велосипед, а заштедени се 1.946,89 јаглероден диоксид.
-Горди сме на овие 15 ИТ компании, кои помогнаа во остварување на мисијата на СОС Детско село. Топол дом и грижа за секое дете, соопшти СОС Детско село.
извор: МИА