ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деспотовски: ТИРЗ во целост го реализираше планираниот буџет за компаниите, близу сме до вкупен извоз од три милијарди евра

December 29, 2021 15:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) во целост го реализираше планираниот буџет за поддршка на компаниите што функционираат во рамки на технолошко-индустриските развојни зони. Исто така, бројките покажуваат дека заклучно со месец ноември, близу сме до вкупен извоз од три милијарди евра, а конечните податоци ќе бидат објавени на почетокот на 2022 година, информираше директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на денешниот брифинг со новинарите.

– Можам со задоволство да кажам дека дури повторно имавме ист случај со две компании како минатата година, што пред време ги исполнија предвидените обврски во однос на постигнување на број на вработени, да државата излезе во пресрет. Дополнително излеговме во пресрет на неколку компании што имаа тешкотии поради глобалната криза во делот на набавката на чипови и застој во делот на производство, вели Деспотовски.

Согласно направената анализа за изминатите десет години, Деспотовски додаде дека ТИРЗ бележи доста стабилен раст на приходи и на добивки во компаниите, значително е зголемен бројот на вработени, а зголемена е и просечната плата.

– Јас сум оптимист дека ќе имаме рекордна година од аспект на извоз, стабилно ниво на работни мета и првпат ќе имаме ситуација во која просечната плата во компаниите во зоните ќе биде повисока од просечната плата на националната економија, изјави тој.

Директорот на ТИРЗ истакна дека внимателно се следат трендовите во глобални рамки, а во нивен интерес е компаниите не само да го одржат постојното ниво на раст, туку и дополнително да го интензивираат во наредниот период. Тој додаде дека компаниите што се соочиле со тешкотии поради глобалната криза, ја балансираат загубата со новите капацитети, што не само што го надоместуваат тој пад, туку и придонесуваат и за дополнителен интензитет на развојот.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Анкета: На 93 отсто од компаниите имаат потреба од нови финансиски мерки за ублажување на последиците од пандемијата

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk