Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5 најави дека Програмата за работа на Владата ќе ја одликува силна посветеност на економијата и зајакнување на животниот стандард на граѓаните.
„Новата влада повеќе ќе биде посветена на економските прашања, на внатрешно политичките прашања, се со цел да можеме да ги адресираме најгорливите проблеми и предизвици што ги имаме во моментов, како пандемијата, глобалната енергетската криза, зајакнување на животниот стандард и повисока реализација на капиталните инвестиции, согласно планот за забрзан економски раст. “ порача Ковачевски.
Финансиската поддршка за сите граѓани и за компаниите ќе продолжи и ќе се зголемува, а платите ќе продолжат да растат. Особено ќе се посветиме на реалзација на капитални инцестиции. Тие се секогаш главниот дивгател на економскиот раст и затоа тука ќе има посебен акцент, додаде претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Со извештајот на ММФ се потврди дека навремените економски мерки спасија над 60 илјади работни места
Оваа Влада две години функционира во услови на пандемија, со сите предизвици да се задржи економскиот стандард на граѓаните, што практично е потврдено и со последниот извештај на Меѓунардниот монетарен фонд, дека благодарение на тие мерки над 60.000 работни места се спасени и не се загубени. Како дел од министерството за финансии и јас учествував во креирањето на мерките, рече вечерва претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
Ковачевски најави дека новата влада ќе преземе навремени мерки за заштита на граѓаните и семејавата од глобалната енергетска криза, преку воведување на ваучери за сметките за електрична енергија но и други мерки, како и за помош на стопанството.
Социјалдемократските вредноси преточени во економскиот концпет за враќање на партите кон граѓаните дадоа резултат, беше покачена минималната плата за речиси 6.000 денари, беше покачена социјалната помош за 300%, порасна просечната плата. Новата Влада особено ќе се посвети на зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, додаде Ковачевски.
Важам за човек кој бара одговорност, нема да бидам попустлив кон никого
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 порача дека важи за помалку попустлив човек, кој што бара одговорност и во однос на соработниците, се држи до принципот на извршување на задачите,
Она што е клучно е да бидат поставени луѓе коишто се одговорни и чесни и кои низ личен пример ќе покажат на кој начин треба да функционира еден политичар, во кој што треба да се врати довербата на граѓаните, истакна Ковачевски.
Тој додаде дека одговорност на луѓето во нивното работење ја дели на два аспекти, и тоа правна одговорност, да се придржуваат на сите законски одредби во нивното работење, а вториот е одговорноста за извршување, односно да ги извршуваат своите задачите согласно зададените рокови, очекувањата и ветувањата коишто се дадени.
Тоа ќе бидат клучните принципи за изборот на луѓето и јас верувам дека секој политичар треба да се однесува согласно тие принципи, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.