ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

И во 2021 херои во борбата против Ковид-19, доделени признанија на здравствени работници

December 30, 2021 09:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здравствените работници ја заслужуваат најголемата почит и благодарност за хуманоста, грижата и пожртвуваноста. Во оваа борба со КОВИД-19 вие сте хероите, порача премиерот во заминување Зоран Заев на вчерашната церемонија на доделување признанија за здравствените работници, кои работат во ковид-центрите.

– Тоа се признанија што Владата ги доделува во име на народот и во име на благодарноста за тоа што вие и вашите колеги останавте до крај посветени и дадовте сè од себе за да го спасите, зачувате и подобрите здравјето на нашите граѓани, на вашите пациенти. Огромен товар падна на вашиот грб и ја заслужувате најголемата почит и благодарност за хуманоста, грижата и пожртвуваноста. Во оваа борба со КОВИД-19 вие сте хероите. Ви благодарам од имено на целиот наш народ, додаде Заев.

Тој им оддаде почит на сите кои во изминатите две години починаа од последици од КОВИД-19.

Заев истакна дека благодарение на навремените мерки и одлуки, македонскиот здравствен систем во текот на целата ковид криза функционира без застој.

Премиерот во заминување подвлече дека и во Буџетот за 2022 година здравството и здравјето на граѓаните е првиот од четирите приоритети.

Состојбата со Ковид-19 засега стабилна. Во текот на претходното деноноќие беа регистрирани нови 396 случаи на КОВИД-19 од направени 4.858 тестирања или околу 8 отсто. Пријавени беа 14 починати лица за последните 24 часа и четири лица преку системот „Мој термин“, со датум на смрт 17.12. до 25.12.2021 година. Евидентирани беа и 207 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.586.033 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.134, бројот на оздравени пациенти е 211.228, на починати е 7.935, а бројот на активни случаи изнесува 4.971.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 2535, Битола – 364, Прилеп – 360, Охрид – 225, Кавадарци – 183, Велес-143, Струмица – 134, Куманово – 111. Во другите градови бројот на активни е под 100.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус вчера изјави дека Омикронот и Делта сојот создаваат „цунами од случаи“ на новозаразени ви светот.

– Многу сум загрижен што Омикрон, што лесно се пренесува и се шири во исто време со Делта, води до цунами од случаи, изјави тој, додавајќи дека тоа е двојна закана што доведе до нагло зголемување на хоспитализации и смртни случаи.

Во изминатите седум дена урнати се нови рекорди во светот кога станува збор за инфекции со коронавирус, достигнувајќи над 935.000 заразени случаи дневно. Најмногу новозаразени се регистрирани во Европа.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера изјави дека огромно мнозинство од пациентите во единиците за интензивна нега со Ковид-19 не примиле засилувачка доза на вакцината и апелираше до жителите да се вакцинираат.

Џонсон за време на посетата на центарот за вакцинација рече дека лекари му кажале дека до 90 отсто од пациентите во одделенијата за интензивна нега се невакцинирани или нецелосно вакцинирани.

Во Полска вчера регистрирани 794 смртни случаи од Ковид-19, што е најголем број починати во еден ден во четвртиот бран на пандемијата, рече заменик министерот за здравство Валдемар Краска, додавајќи дека бројката може да биде резултат на подоцнежните податоци поради Божиќните празници.

Црногорската влада вчера ги заостри мерките за сузбивање на ширењето на пандемијата со коронавирусот, откако вчера за 24 часа беше забележан рекорден број заразени – од 2 јануари влезот во Црна Гора без разлика дали некој бил вакциниран или прележал корона мора да има негативен PCR тест не постар од 72 часа или брз антиген не постар од 48 часа.

Угостителските објекти, кафулињата и ноќните клубови во Грција, од денеска ќе работат до полноќ, без музика, со забрането стоење и со најмногу шест лица на маса, додека пак за новогодишната ноќ, единствена разлика е продолженото работно време до два часот по полноќ.

Поради рекордниот број новозаразени, новите мерки соопштени минатата седмица, наместо во понеделник на 3 јануари, стапуваат во сила денеска наутро, четири дена порано.

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) соопшти дека брзите домашни антигенски тестови за Ковид-19, кои имаат предност да даваат резултати за само неколку минути, се помалку чувствителни на омикрон отколку на претходните варијанти на коронавирусот и се со поголема веројатност да покажат лажно-негативен резултат и покрај инфекцијата во споредба со претходните соеви.

Информацијата доаѓа во време кога земјата се соочува со голем пораст на бројот на случаи на зараза со омикрон./MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
cumhuriyet.com.tr

Турција од денеска ја администрира Турковак

НАЈНОВО

AirFlow Music Festival во Прилеп со хуманитарна мисија за настраданите во Кочани

September 4, 2025

Владимир Грчев освои златен медал на Европската олимпијада по информатика во Шумен

September 4, 2025

За Прилеп Проданоски, во Центар и Куманово ќе поддржат кандидати од ЗНАМ: ВМРО-ДПМНЕ предложи уште 16 кандидати за градоначалници

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk