ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓаните вечерва ќе ја дочекаат новата 2022 година со полабави мерки од лани

December 31, 2021 08:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА / Фросина Насковиќ

Фото: МИА / Фросина Насковиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Со полабави мерки во однос на лани, скопјани и сите граѓани ширум државата ќе ја испратат старата 2021, а ќе ја дочекаат новата 2022 година.

Овој 31 декември и покрај тоа што пандемијата предизвикана од Ковид-19 е се уште присутна, граѓаните се организираат да ја прослават Новата година на плоштадите, во туристичките центри, во кафеаните, рестораните, пабовите, за разлика од лани кога состојбата со вирусот поттикна воведување на рестриктивни мерки и забрани.

Некои земји, сепак, забранија прослави на отворено, го откажаа дочекот на Новата година и воведоа рестрикции

Годинава китењето во главниот град почна со задоцнување. Од минатата недела на скопскиот плоштад може да се забележат неколку новогодишни украси кои за првпат не го чинат Градот Скопје, туку се на грбот на општествено одговорни компании. На самиот плоштад се поставени и новогодишните куќички на населбата „Винтерленд“.

Средствата, пак, кои биле планирани за новогодишната прослава, ќе се пренаменат за социјално ранливи категории. Неодамна, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изјави дека тие средства е подобро да се дадат на оние кои немаат ниту за храна во овие денови.

– Градот нема да биде тажен. Нова година ќе се прослави, но на скромен начин, без тоа да го чини Градот 250 илјади евра, рече Арсовска.

За новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“, Градот преговараше со македонски музички изведувачи. Според програмата, вечер од 21 часот, на скопскиот плоштад ќе можат да се слушнат групите „Пука козметика“, „ДНК“ и „Нокаут“, фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, како и ди-џеј Славе.

Со порака за претстојните празници вчера излезе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој потсети дека треба да празнуваме одговорно, да се погрижиме да го сочуваме сопственото и здравјето на најблиските.

– Да не возиме ако консумираме алкохол или да не пиеме ако мора да управуваме возило. Да не го објавуваме нашето отсуство од домот, правејќи го така попривлечно за крадците и разбојниците, а сомнителните појави да ги пријавиме во најблиската полициска станица. Пиротехниката да им ја оставиме на професионалците, оти далеку поубаво место за прослава е кругот на најблиските одошто ургентните центри. Иако за полицијата нема празник и таа ќе биде присутна на терен, да се воздржиме од инциденти, бидејќи тие само ја уништуваат празничната атмосфера, рече во новогодишното обраќање Спасовски.

Со апел за умерено консумирање храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, но и хронично болните редовно да ја земаат терапијата, излегоа Службата за Итна медицинска помош и Универзитетската клиника за токсикологија во пресрет на Новата година и божиќните празници.

Раководителот на Службата за Итна медицинска помош, Милица Бубало вчера за МИА изјави дека граѓаните не треба да консумираат многу алкохол и треба да се воздржат од користење пиротехнички средства и оружје. Таа посочи дека граѓаните треба да внесуваат умерени количини храна и да внимаваат при внесување мрсна храна поради можност да се јави дијареја.

Службата за ИМП работи 24 часа, а во текот на новогодишните празници ќе работат и дежурните албуланти.

Директорот на Клиниката за токсикологија, Ридван Бајрами вчера за МИА изјави дека се надева оти граѓаните нема да претеруваат со внес на храна и алкохолни пијалаци.

– Минатата година бевме одлични во врска со интоксикации за новогодишната ноќ и за време на божикните празници. Бројот на пациенти беше релативно минимален споредено со другите години. Се надевам дека и годинава ќе биде така и дека ќе се почитуваат и мерките на претпазливост од Ковид-19 кои вклучуваат и дистанца, додаде Бајрами. /МИА/.

Next Post

В година четири продолжени празнични викенди за сите граѓани

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk