ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се повторува енергетска криза слична на онаа во седумдесетите

January 3, 2022 14:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Фото: Matthew Henry/ Unsplash

Фото: Matthew Henry/ Unsplash

Авторот Кит Џонсон во списанието Foreign Policy ги анализираше причините за енергетската криза на која светот беше сведок оваа есен, пренесува Al Jazeera Balkans.

Цените на енергијата во Европа се на рекордно ниво. Велика Британија доживеа криза во која бензинските пумпи пресушија. Во меѓувреме, Кина се бори да ги намали честите прекини на струја, а во САД се одржуваат сослушувања на Конгресот и се емитуваат телевизиски дебати за цените на горивата.

Во извештајот на американското списание Foreign Policy, авторот Кит Џонсон се осврна на енергетската криза на која светот беше сведок оваа есен и која влијаеше на различни видови на горива: јаглен, нафта, природен гас, па дури и обновливи извори на енергија. Нејзините последици се чувствуваат речиси насекаде.

Авторот изјави дека европските влади биле критикувани за зголемувањето на цените на енергијата, при што некои фабрики биле принудени да го намалат работното време или целосно да се затворат, а потрошувачите да излезат на улиците за да протестираат против ситуацијата.

Што се однесува до Русија, таа беше воодушевена кога виде како Европа моли за повеќе гас, обидувајќи се со години да се ослободи од својата зависност од тој извор на енергија. Од друга страна, американските пратеници, кои некогаш се фалеле со доминацијата на Вашингтон во енергетиката и зголемениот извоз на нафта и гас, брзо побараа забрана за извоз на нафта.

Во Кина, која ги помина изминатите пет години обидувајќи се да го убеди светот да се префрли на зелена енергија, Пекинг повторно ги откри придобивките од евтиниот јаглен веднаш штом ќе му истечат залихите. Прекините во снабдувањето со енергија ја нарушија работата на фабриките ширум светот, особено во Кина, а потоа владееше хаос во синџирот на снабдување во постпандемискиот период.

Причини за кризата

Авторот укажа на низа немили настани кои ја предизвикаа енергетската криза годинава. Првиот беше брзото закрепнување што следеше по смирувањето на најлошото од пандемијата: имаше обновен раст во Соединетите држави, Европа и Кина, додека производителите на електрична енергија и транспортните компании ширум светот се соочија со заклучување. Ова доведе до нерамнотежа помеѓу понудата и побарувачката, со предвидливи резултати. Второ, следеше лошо време, ладењето ја зголеми потрошувачката на природен гас, фармите со ветерници запреа, а поплавите ги уништија резервите на јаглен.

Но, не се работи само за временските услови. Во енергетската криза голема улога имаа и лошата политика и кратковидоста. Како и Соединетите Американски Држави, Европа одлучи да ги либерализира енергетските пазари. Кина следеше сличен пристап, а резултатот беше ист во сите случаи: неусогласеност помеѓу трошоците за производство и она што потрошувачите беа подготвени да го поднесат.

Во меѓувреме, процесот на префрлување на чиста енергија брзаше пред секое вистинско префрлање на друг извор на енергија. Се чинеше дека веќе никој не обрнува внимание на геополитиката, што го објаснува континуираниот притисок на Русија за снабдување на Европа со енергија.

Стручни мислења

Следниве се извадоци од написите објавени од магазинот Форин полиси за енергетските кризи во изминатата година.

Џејсон Бордоф, основач на Центарот за глобална енергетска политика на Универзитетот Колумбија и поранешен советник во Белата куќа, напиша статија на 24 септември за тоа како пазарите лошо се справуваат со енергијата и се особено лоши кога се обидуваат да ја променат својата природа, како на пр. станува зелено. Тој го привлече вниманието на климатските промени и забавувањето на напорите за справување со ова прашање. И покрај повиците за постепено укинување на фосилните горива, не постои вистинска волја за тоа.

Во извештајот објавен на 5 октомври, Бренда Шафер, професорка на американската поморска школа за постдипломски студии и виш соработник во Атлантскиот совет, објасни дека зад енергетската криза стојат неуспешни политики. Забраната на нуклеарната енергија, изборот на цените на самото место за пазарот на природен гас и зголемувањето на зависноста од обновливите извори на енергија, без оглед на економијата, беа дел од европскиот план за ажурирање на нејзината енергетска програма. Проблемот е што Русија е во пораст, потрошувачите се незадоволни, а светот се уште не ги гледа резултатите од Парискиот договор за климата.

Лаури Миливирта, главен аналитичар во Центарот за истражување на енергија и чист воздух, во извештајот на 7 октомври рече дека Кина не била сведок на неуспеси на пазарот што би ги обвинила за нејзините енергетски проблеми. Пекинг сакаше евтина енергија за да го поттикне растот, но рудниците за јаглен не ја добија нарачката. Значи, резултатот беше катастрофален колапс на главниот енергетски извор на оваа земја, што пак доведе до серија економски и политички пресврти кои одекнаа низ целиот свет.

Мелинда Лиу, директорка на канцеларијата на Newsweek во Пекинг, во својот извештај од 5 ноември ги допре напорите на Кина да постигне енергетска транзиција, која се соочи со проблемот на прекини на електрична енергија и народни немири. Затоа, претседателот Си Џинпинг брзо се врати на производството на јаглен за фабриките да продолжат да работат, а населението да биде мирно. Сепак, она што го направи Пекинг е во целосна спротивност со неговите ветувања за ограничување на емисиите на стакленички гасови во следните неколку децении.

Превод: М. Ацковска

Next Post

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk