Со тоа што ВМРО ДПМНЕ излегоа на прес конференција, го политизираа немилиот настан и покажаа која била нивната цел. Излезе на виделина причината поради која во текот на вчерашниот ден градоначалник Јорданов изведе театарска претстава за пошироката публика. За ситни дневно- политички поени, иницирање скандал и глумење жртва, градоначалникот се дрзнал да влезе во акушерското одделение иако во телефонскиот разговор на вработена во кабинетот им било посочено дека треба да помине одреден временски период по породувањето за да може да се посети родилката, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Како партија не можеме да влијаеме ниту имаме намера да коментираме протоколи кои стручни лица ги имаат утврдено.
Веруваме дека менаџментот на Клиничка болница доследно настојува да се почитуваат, а нормално дека во рамките на истите настојуваат и да излезат во пресрет на барањата на градоначалникот.
Градоначалникот и лицата задолжени за протокол во неговиот кабинет треба да знаат дека постојат протоколи во рамки на институциите, а за здравствените институции тие се посебно строго дефинирани.