ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Апели за мир, љубов и добра волја меѓу луѓето од бадниковата прослава

January 6, 2022 11:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Што е попотребно од мирот на земјата и од мирот во секој човек, од мирот во семејството, мирот меѓу народите и државите. Што повеќе им доликува на луѓето од тоа да живеат во мир и да покажуваат добра волја, рече поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан во обраќањето по повод бадникарската церемонија во Соборниот храм.

По чинот на предавањето на Бадникарскиот ќуп и осветувањето на бадниковата погача на новите кумови, г. г Стефан потсети дека стара традиција за овие празници е да се посетуваат семејства на роднини и пријатели, да се обновуваат коледарските песни, како и стари и млади да учествуваат во бадникарските поворки.

– Дали размислуваме за тоа како празнуваме и како го славиме Господа, што му подаруваме, дали носиме доволно љубов и дали имаме доволно љубов за луѓето околу нас? Дали е доволно да имаме љубов само за Бадник, Божиќ и Велигден? Само со живот според верата секој ден ќе ни биде како Божик и како Велигден, истакна поглаварот на МПЦ-ОА, додавајќи дека и покрај се што не снајде, алудирајќи на КОВИД-от, подготвени сме и за денешнито и за утрешниот ден.

Со молитвено објавување на празникот, г.г. Стефан ја заокружи официјалната церемонија. На кумовите им забагодари што продонесуваат традицијата да се пренесува од поколение на поколение.

-Дај Боже празничната радост да не следи во сите денови, порача г.г Стефан по што здравичарот Живко Поповски – Цветин му подари слика со мотиви од Бадник и Божиќ.

-Посакувам МПЦ да е вечна, а верниците да имаат прекрасни празници, нагласи Цветин.

Претходно, тој и кумовите Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, го посетија Домот за стари лица во Злокуќани и на штитениците им врачија пригодни подароци по повод големиот христијански празник Божик.

-Бевме воодушевени од пречекот со погачи, ракија, вино, јаболка. Штитениците се ни подготвиле, како што налага традицијата. Имаше мнбогу убава атмосфера, беше прекрасно исксутво. Луѓето беа подготвени уште од раните утрински часови, им испеавме една песна, а тука беше и Цветин кој кажа убава здравица и им подари на штитениците цвеќиња, изјавија Дац и Митевски откако пристигнаа во Соборниот храм.

-Моите врсници во Домот „Мајка Тереза“ испратија честитки за здравје, љубов и радост за сите граѓани во земјава и надвор од неа, дополни Цветин.

Во Соборниот храм беа и стариот кум д-р Никола Пановски, како и минатогодишниот здравичар д-р  Миодраг Врчаковски кои пристигнаа со пајтон.

На традиционалната прослава беше и градоначалничката Данела Арсовска. Таа на кумовите, но и на сите граѓани им посака бериќет и годинава, како што рече, да биде многу подобра од минатата.

Прославата се одвиваше спореди сите КОВИД протоколи./MИА/.

Next Post

Лукаревска на Канал 5: Во 2022 нема зголемување на даноците, следува олеснување на процедурите и подобрување на услугите кон граѓаните и компаниите

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk