ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Казахстанскиот претседател со наредба до силите „да пукаат без предупредување“

January 7, 2022 10:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев за време на обраќањето до нацијата, издаде наредба да се отвори оган „врз терористите“ без предупредување .

Претседателот рече и дека казахстанските власти немаат намера да преговараат со терористите.

– Од странство се повикуваат страните да преговараат за мирно решавање на проблемите. Целосна глупост! Какви преговори може да се водат со криминалци, со убијци? Имаме работа со вооружени и обучени бандити, рече Токаев.

Казахстанскиот лидер рече дека главниот град на државата бил нападнат од 20.000 „бандити“ и изрази „посебна благодарност“ до рускиот претседател Владимир Путин за испраќањето војници.

Повеќе од 500 цивили, меѓу кои 130 жени и постари лица, беа повредени за време на немирите во Алмати.

Во провинцијата Мангистау, во неделата почнаа протести откако ден претходно беа укинати ограничувањата на цената на течниот гас, популарното гориво за автомобилите, по што цената се зголеми за повеќе од двојно.

Токаев прогласи вонредна состојба во Алмати и провинцијата Мангистау.

Полицијата во најголемиот казахстански град Алмати вчера соопшти дека привела околу 2.000 луѓе во масовните протести.

Во главниот град на Казахстан, Алмати, вчера избувна ново насилство откако Русија во текот на изминатата ноќ испрати падобранци во обид да се задуши граѓанскиот бунт во оваа поранешна советска република.

Очевидци за британските медиуми изјавија дека во пукотницата има повредени. Истите извори велат дека кон плоштадот се движат воени возила.

-Војниците пукаат во демонстрантите и автомобилите на плоштадот на Републиката во Алмати, изјавија очевидци.

Британските медиуми, повикувајќи се на соговорниците од плоштадот, пренесуваат дека војската веднаш го опколила плоштадот и почнала специјална операција без да ги напушти возилата. Тие побараа демонстрантите да го напуштат плоштадот и предупредија дека ќе отворат оган.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЕП во ракомет: Периодот на изолација скратен на пет денови

НАЈНОВО

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Ултрадесничарската АфД не освои градоначалнички места во вториот круг од локалните избори во Северна Рајна-Вестфалија

September 29, 2025

ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го промовира Ѓорѓиевски за градоначалник, СДСМ Христоски во Крушево

September 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk