Постојат повеќе анализи и проценки како би изгледала и во кои фази би се одвивала една целосна воена инвазија на Русија врз Украина. Едно од сценаријата изработи американскиот Институт за студии на војната.

1. Јужна Украина
Руските сили напаѓаат од Крим и Донбас „со намера да ги привлечат украинските сили таму“.
2. Источна Украина
Руските механизирани сили ги опколуваат и изолираат големите градови како Харков, Днипро и Киев.
3. Река Днепар
Повеќето руски сили се очекува да го запрат своето напредување кај реката, со исклучок на оние кои се упатуваа кон Киев.
4. Брегот на Црното Море
Заземањето на Одеса преку Придњестровје, Крим и/или преку морето, ќе ѝ помогне на Русија да се стекне со ефективна контрола врз крајбрежјето на Украина.
5. Киев
Руските сили би можеле да избегнат да мораат да го преминат Днепар во Украина со напредување кон Киев од југоисточна Белорусија.
6. Југозападна Белорусија
Напредувањето кон Киев од подалеку од запад би значело дека руските сили би можеле да ги заобиколат мочуриштата Припет и областа Чернобил.
извор: цивилмедиа.мк