ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Владата финансиски ќе им помогне на граѓаните што претрпеа штети од земјотресот во Битола

January 12, 2022 15:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на владината Комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди, Гоце Георгиевски денеска во Битола одржаа координативен состанок со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски во врска со состојбата од настанатите штети од земјотресот во Битола, соопштуваат владините служби.

Вицепремиерот Николовски изјави дека Владата на вчерашната седница донесе повеќе заклучоци за заеднички да им се помогне на граѓаните кои претрпеа штети од земјотресот во Битола.

„Институциите мора да работат во служба на граѓаните, затоа сите правни, легислативни инструменти и механизми коишто законите ги даваат низ постапките и процедурите треба да ги спроведеме час поскоро се со цел да бидат работите вратени во нормала. Владата изрази целосна подготвеност да што побрзо бидат санирани сите штети, особено во јавните институции кои се важни за сите граѓани, за да може клиничката болница, останатите здравствени установи, образовните институции и градинките да функционираат. Во оваа прилика ја изразуваме целокупната поддршка да овој процес и низ овие маки и проблеми коишто ги осетија битолчани да знаат дека институциите, општината, Владата сите заедно стојат на иста страна со граѓаните и дека сето ова ќе биде надоместено од страна на општината и Владата“, изјави заменик-претседателот на Владата Николовски.

Формирана е Комисија за проценка на штетите согласно Законот за заштита и спасување. Министерот за локална самоуправа Милевски изјави дека планирано е да се подели целиот процес за начинот на помош на два дела.

„Едниот дел е брза санација на јавните институции, бидејќи неопходно е болницата веднаш да се стави во функција, и независно што градинките и училиштата се под локално ниво сметаме дека ние треба целосно да го финансираме тоа реновирање и битно е Комисијата и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да дадат што е можно побрзо проценка за да може брзо да се интервенира со финансиски средства од страна на ресорните министерства“, изјави министерот Милевски.

Рокот за пријавување на штетите од страна на граѓаните е до 26-ти јануари.

Градоначалникот Коњановски го поздрави присуството на владината делегација и стручниот тим од Владата и порача дека „Се информиравме меѓусебно за активностите кои ги презеде општината и формирањето на Комисијата за проценка на штетите од земјотресот и Кризниот штаб кој заседаваше. Од страна на министрите, зедоа обврска дека ќе помогнат, се согласивме дека заеднички треба да се делува и дека ќе помогнат во делот на нивните ингеренции“.

Во рамки на посетата на Битола, владиниот тим ги посети и дел од локациите кадешто се предизвикани штети од земјотресот.

Next Post

ФЗО: Имаме разбирање за предизвиците со кои се соочуваат избраните лекари и натаму ќе преземаме активности кои се во нивен интерес

НАЈНОВО

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

November 5, 2025

Затворен Автопатот Велес – Градско, сообраќајот пренасочен

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk