„Поставивме повисоки стандарди за заштита на животната средина во одбраната“, објави на Фејсбук министерката Шекеринска.
„Владата го усвои Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната кој значи загревање со соодветни енергенси, заштеди со енергетски ефикасни објекти, користење на електрична енергија од сончеви панели и постојан мониторинг на влијанието на големите воени вежби врз животната средина“, напиша Шекеринска.
Шекеринска објави дека тоа било дел од приоритетите на Владата, но и наше приклучување кон НАТО политиките за „green defense“.
			




