ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Деспотовски: За еден дел од капацитетите во зоните обезбедивме гас по пониска цена од пазарната

January 14, 2022 13:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дирекцијата за технолошко индустриски развојни Зони (ДТИРЗ) склучи договор со добавувачот ПРОМГАС за обезбедување природен гас за компаниите во зоните со кој еден дел од количините се обезбедуваат по доста пониска цена од пазарната, потврди денеска директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

-Во делот на гасот склучивме договор со ПРОМГАС, бидејќи Дирекцијата обезбедува гас за корисниците на гас во рамки на зоните, во кој секако има зголемување на цените, меѓутоа позитивен елемент е што еден дел од количините се обезбедуваат по цена која што е доста пониска од пазарната, а одреден дел од количините се обезбедуваат по реална пазарна цена, рече Деспотовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Она што во моментот е наша заложба, додаде, е да обезбедиме што е можно поголеми количини, бидејќи според она како што бевме информирани од страна на добавувачот на гас се доста ограничени.

-Потребите на нашите корисници растат, бидејќи имаме нови корисници, нови капацитети и наша примарна цел во овој период е да обезбедиме поголеми количини.  За одредена количина на гас, значи за одреден капацитет на користење имаме доста поволни цени за гасот, а за одредена количина одиме по реалните пазарни цени коишто се случуваат во моментот,појасни Деспотовски.

За делот на електричната енергија посочи дека компаниите сами склучуваат договори за разлика од гасот за кого како специфичен енергенс е надлежна Дирекцијата. Посочи дека досега нема забелешки од компаниите во зоната за цената на гасот или на електричната енергија, бидејќи, како што рече, станува збор за етаблирани меѓународни компании./MИА/.

Next Post

ДКСК и во 2022 со фокус на ефикасно функционирање на системот

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk