ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лазаров: Црна Гора не е за потценување, но колективно сме поквалитетни

January 14, 2022 14:21
in ДЕНЕС, СПОРТ

Македонската ракометна репрезентација го остави зад себе вчерашниот незаслужен пораз од Словенија на стартот од Европското првенство во Дебрецин и го насочи фокусот кон утрешниот натпревар против Црнa Гора во рамки на второто коло во групата А.

Селекторот Кирил Лазаров на денешната прес-конференција најави дека „црвено-жолтите“ ги очекува уште еден тежок натпревар, но изрази уверување дека македонските ракометари можат да дојдат до победа доколку не ги повторат техничките грешки од дуелот со Словенија.

– Во ниту еден случај не сакам да ја потценам Црна Гора. Напротив, имаат добри индивидуалци, дури можеби и подобри од нашата репрезентација, но мислам дека сме поквалитетни како колектив. Дополнително ќе ја анализираме нивната игра и во овој момент не би сакал да ги отворам картите, изјави Лазаров.

Тој рече дека од нив зависи дали ќе остваруваме добри резултати во иднина или не.

– Во секој случај, не треба да се оптоваруваме со противниците, туку да се концентрираме на себеси. Од нас зависи дали ќе остваруваме добри резултати во иднина или не. Противниците ќе бидат само посилни, бидејќи сите во Европа работат квалитетно. Фокус и концентрација е првото нешто што го барам од играчите. Ме водат и мене емоциите, но имавме премногу индивидуални грешки во краток период против Словенија. Ќе им го пренесам ова на моите играчи на еден позитивен начин и тие треба тоа да си го стават во глава за идните натпревари, додаде Лазаров.

Голманот Мартин Томовски, кој вчера имаше фантастично издание со 14 одбрани во дуелот против Словенците, истакна дека клучно за успех против Црна Гора ќе биде да се коригираат недостатоците од воведниот натпревар.

– И покрај поразот вчера имаше многу позитивни моменти. Игравме побрзо и поубедливо, а одбраната беше на едно повисоко ниво. Денес е нов ден и ќе се обидеме да ги коригираме сите наши грешки и недостатоци. Верувам дека ќе се радуваме на победа против Црна Гора, изјави Томовски.

Next Post
Фото: МИА

МЗ: 81% од моментално хоспитализираните со Ковид-19 и 78% од починатите се невакцинирани

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk