ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонските ракометари поразени од Црна Гора на ЕП

January 15, 2022 20:31
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз на Европското првенство во Дебрецин, откако вечерва во второто коло од групата А загуби од Црна Гора со 28:24 (17:16).

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа далеку под очекувањата и постојно резултатски заостануваа зад противникот, а во клучните моменти од натпреварот фантастичен беше и црногорскиот голман Небојша Симиќ, кој натпреварот го заврши со 13 одбрани.

Македонскиот состав анемично го почна натпреварот, дозволувајќи му на противникот брзо да поведе со 4:0, а на средината од полувремето и да ја зголеми предноста на 9:4. Играта во одбраната и нападот почна да се стабилизира со влегувањето на Филип Кузмановски и искусниот Филип Миркуловски, што резултираше со постепено топење на водството на Црногорците, кои на полувреме заминаа со гол предност.

Првото израмнување на резултатот дојде во 32 минута, но уследи катастрофално лошо издание на македонските ракометари во вториот дел со безброј технички грешки и нефункционален напад.

Најефикасен во македонските редови беа. Велковски и Кузмановски со по шест голови, додека голманот Митревски запиша девет одбрани.

Завршниот натпревар во рамки на групата А, македонската репрезентација ќе го одигра в понеделник против актуелниот светски првак Данска, која вечерва од 20:30 се среќава со Словенија.

извор: МИА
Next Post
Ковид амбуланта. Фото: МИА

Нови 1.635 случаи на КОВИД-19, девет починати, а 1.276 оздравени

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk