Функцијата која ја преземам денеска е голема обврска и одговорност кон граѓаните. Пред нас се предизвици на енергетски, социо-економски, здравствен план кои мора итно да почнеме да ги решаваме, напиша Ковачевски на Фејсбук.
– На досегашниот претседател на Владата Зоран Заев му благодарам за досегашната соработка и за успешното водење на државата изминатите години, стои во статусот на Ковачевски.