„Од првото меѓународно признавање на независноста, кое стигна од Република Бугарија, нашата држава стана членка на НАТО, пример е на функционално мултиетничко и мултикултурно општество и на самиот праг на формален почеток на преговори со ЕУ“, објави на Фејсбук Османи.
Исто така напиша дека со Генчовска разговарале за конкретни чекори за надминување на отворените прашања, како и за претстојната заедничка седница на двете Влади, која ќе се одржи на 25 јануари.





