ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД загрижени од ненајавените воени вежби на Русија во Белорусија

January 19, 2022 12:37
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД се загрижени од регистрираното префрлање неутврден број руски војници и воена опрема од Далечниот Исток на Русија во Белорусија, под изговор за планирани воени вежби, а со цел најверојатно да ја нападне Украина од север, изјави синоќа официјален претставник на Стејт департментот. 

Воените вежби, што не биле најавени кај дипломатските претставници во Москва во утврдениот рок, ги потврди и рускиот заменик министер за одбрана Александар Фомин. Тој синоќа изјави дека вежбите ќе траат од 10 до 20 февруари и дека се изведуваат за тренинг на Минск и Москва за „одбивање надворешна агресија“.  

-На територијата на Белорусија од Русија ќе бидат префрлени 12 воени ловци „Су-35“, две дизвизии на системот за противракетна одбрана „С-400“ и дивизија на зенитно-ракетни топовски системи „Панцир-С“, изјави Фомин, пренесе руската служба на Би-Би-Си.  

Дополнителите воени сили во Белорусија, покрај веќе распоредените 100.000 долж руско-украинската граница, уште повеќе го засилуваат военото присуство на Москва во близина на Украина и ги подгреваат стравувањата на Запад околу можна руска инвазија во соседната земја. 

-Тајмингот е бележит, со загриженост набљудуваме како Русија стационира војска во Белорусија под агендата на регуларно планирани заеднички воени вежби со цел, потенцијално да ја нападне Украина од север, изјави претставникот на Стејт департментот за време на телефонски брифинг со новинарите. 

Тој истакна дека вовлеченоста на Белорусија во таков напад за САД, сојузниците и партнерите би била неприфатлива. 

-Верувам дека тоа е неприфатливо и за Белорусите и многумина вклучени во режимот, додаде тој. 

Според него, референдумот за уставни промени во земјата закажан за во февруари е директно поврзан со овие настани. Уставните промени предвидуваат дозвола за Русија да стационира конвенционално и нуклеарно оружје на територијата на Белорусија. 

-Предложените уставни промени вклучуваат текст што говори за давање зелено светло Русија да смести свое оружје и гарнизон војска во земјата. Ова ќе биде значајна промена за Белорусија и таквиот чекор ќе претставува предизвик за европската безбедност, на што треба да се одговори, изјави службеникот. 

Според него, ова покажува дека позицијата на Лукашенко била значајно ослабена и најверојатно тој нема да може веќе да се опорави и да го врати и тој намален суверенитет што Белорусија претходно го имала. 

-Со текот на времето Лукашенко сѐ повеќе се потпираше на Русија за секаква поддршка, а знаеме дека Путин никогаш не дава поддршка бесплатно. Русија демне над неговите слабости, истакна претставникот. 

Претставникот на Стејт департментот изјави и дека режимот постојано го зголемува бројот на политички затвореници, што сега е поголем од 990, и дека настаните во Казахстан одекувнаат во земјата каде потенцијалот за протест не е намален.

Извор: МИА

Next Post

Писма за недоверба кон Џонсон предале 11 конзервативни пратеници

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk