ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Габер: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија не е иста работа

January 20, 2022 11:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве е актуелна посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на РС Македонија. Поентите од посетата, во Утрински брифинг ги коментираше амбасадорот Виктор Габер.

-Како и за сите нови луѓе коментари на недоверба ќе има. Овој процес ќе трае. Затоа што имаме опседнатост од минатото во актуелната политика кое влијае врз јавноста. Оваа посета ја ставам во контекст на подобрување на надежта дека може во догледно време да дојде до надминување на минатото кое нѐ опседнува, вели Габер.

Тој додава дека трите изборни излегувања во една година предизвикаа вжештување на ова прашање со Македонија што на крајот резултираше со вето.

Сепак, според последните изјави на политичките лидери на Бугарија во последно време барем во официјалните документи не се споменува историјата.

-Во Бугарија влегуваат во постабилна политичка фаза, излегуваат од фазата на судири и политичкиот фактор кој има мандат од четири години може послободно да постапува, грубо кажано, посигурни се во своите фотелји. Едно е да си политичар, друго е да си државник. Политичар се станува, а државник се кали долги години, коментира Габер.

И во Софија и во Скопје има нови млади премиери кои би требало да се растоварени од минатото и минатите обиди за решавање на меусебниот спор.

-Тие не се растоварени и не можат да бидат растоварени од претходните груби постапки на некои политичари. Тие може да придонесат за менување на атмосферата. Историјата ќе остане, но бино е да остане во втор план. Сѐ повеќе од јавноста во Бугарија има расположение за омекнување на тврдиот став, вели Габер.

Петков делува како да сака да постигне промени. Габер коментира дека Кирил Петков, кој би требало да биде порастоварен од минатото, во моментов е ѕвезда не само дома туку и во Европа и може да повлијае врз старата генерација, онаа на претседателот Румен Радев, која има потврди ставови.

Коментирајќи ја вербалната нота со која земјава треба да се произнесе дека нема територијални претензии кон Бугарија, а за која некои сметаат дека сме го загубиле и последниот адут против Бугарија, Габер вели дека е многу битен моментот кога ќе се направи чекорот. Стратешката цел се постигнува или чекор по чекор или наеднаш. Овој спор е наметнат спор, а ние сме нов играч на теренот, вели Габер.

Next Post

ССМ и Владата на средба на 24 јануари

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk