ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гутереш: Светот е полош отколку што беше пред пет години, но не верувам дека Русија ќе ја нападне Украина

January 21, 2022 10:54
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш предупреди дека ситуацијата во светот денеска е значително полоша отколку пред пет години, поради пандемијата со Ковид-19, климатската криза и поради геополитичките тензии, кои предизвикаа бројни конфликти. Но, за разлика од американскиот претседател Џо Бајден, тој смета дека Русија нема да ја нападне Украина.

Гутереш во интервју за Асошиејтед прес изјави дека не се сменети неговите приоритети, изнесени уште на 1 јануари 2017 година, кога првпат стапи на позицијата шеф на ОН. Дека ќе настојува да се справи со глобалните нееднаквости, кризата со Ковид-19 и со загревањето на планетата како проблем, како и дека останува на својот апел за мир во светот.

На прашањето дали смета дека Русија ќе изврши инвазија врз Украина, Гутереш одговори „не мислам дека Русија ќе ја нападне Украина. Се надевам дека моето мислење е точно“.

Тој напомена дека не верува во воено решение на проблемите кои постојат и дека најрационален начин да се решат тие проблеми, е преку дипломатски пат и низ сериозен дијалог.

Гутереш порача дека потенцијална инвазија би имала „страшни последици“.

– Бевме во контакт со највисоки официјални лица во Русија, додаде тој, па нагласи дека ОН не се директно ангажирани во украинската криза.

Пред да стане генерален директор на ОН, Гутереш цели дека функцијата ја замислувал како „градител на мостови и чесен посредник, кој ќе помогне во пронаоѓањето решенија, кои им се од корист на сите вклучени страни“.

– Тоа се работи на кои морам да работам секој ден, порача тој.

Тој кажа и дека Советот за безбедност на ОН, кој има овластувања да ги одржува меѓународниот мир и безбедност, но и да воведува санкции, е поделен, а особено неговите пет постојани членови со право на вето.

Русија и Кина се често во конфликт со САД, Британија и со Франција, кога станува збор за некои клучни прашања, како што беше случајот кога се зборуваше за воведување санкции кон Северна Кореја.

Гутереш денеска во Генералното собрание треба да одржи говор пред претставници на 193 членки за своите приоритети за 2022 година. Тој издвои три клучни приоритети, кои како што тврди, многу го загрижуваат- недостигот на вакцинација во голем број делови од светот, особено во Африка. Потоа потребата за намалување на емисиите на штетни гасови за 45 отсто во оваа деценија и, трето, „крајно неправедната“ финансиска ситуација во светот, која, како што наведи тој, ги фаворизира богатите земји./MИА/.

Next Post

Малите партии му порачаа на Мицкоски дека не ја менуваат страната

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk