ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува прогонот на активистите за човекови права во Белорусија, државата безмилосно затвора

January 21, 2022 17:59
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: © 2022 Human Constanta

Фото: © 2022 Human Constanta

Share on FacebookShare on Twitter

Активностите на државниот апарат на Белорусија против граѓанското општество и заложбите за човекови права продолжува со забранување на веб-страницата на организацијата за човекови права „Хуман Константа“. Оваа организација, што работи во полето на дигиталните права и на заштита на правата на лица што не се државјани на Белорусија, веќе беше насилно затворена во октомври минатата година, јавува меѓународната организација „Хјуман Рајтс Воч“, пренесува МЕТА.мк.

Имено, на 13 јануари, Градскиот обвинител на Минск, главниот град на Белорусија, нареди блокирање на веб-страницата на „Хуман Константа“.

„Обвинителот лажно ја обвини групата за распространување информации што ‘го подриваат авторитетот’ на државата и ‘предизвикуваат омраза’“, пишува „Хјуман Рајтс Воч“.

Властите во октомври минатата година го затворија правното лице „Хуман Константа“.

„Извесен период не можевме да постигнеме структурни промени, оти властите постојано ги игнорираа нашите апели до нив. Но откако почна ‘ликвидацијата’, некои од нашите партнери престанаа да соработуваат со нас. Тоа ја намали нашата способност да им помогнеме на луѓето во потреба, со што тие станаа уште поранливи“, изјавува еден член на „Хуман Константа“ за „Хјуман Рајтс Воч“.

Бришењето на правното постоење носи сериозни ризици за организациите за човекови права. На 22 јануари на сила ќе стапат измените на Кривичниот законик, со којшто се враќа кривичната одговорност за вклученост на физички лица во нерегистриранили или ‘ликвидирани’ невладини организации. Според таа кривична одговорност, казната изнесува до две години затвор, потсетува „Хјуман Рајтс Воч“.

Властите во Белорусија веќе правно гонат некои борци за човекови права поради нивната работа во нерегистрирани организации. Алес Бјалиацки, основач и претседател на организацијата за човекови права „Вјасна“, како и заменик претседателот Валианцин Стефанович и адвокатот Улаџимир Лабкович се зад решетки поради обвиниение за неплаќање даноци. Наводите против нив се поврзани со официјалната нерегистрираност на организацијата.

Откако ја „дерегистрираа“ во 2003 година, властите постојано одбиваат повторно да ја регистрираат организацијата.

И други членови на „Вјасна“ имаат проблеми произлезени од ударот на државата против активистите. На 14 јануари Апелациски суд ја потврди пресудата против Леанид Судаленка, шеф на канцеларијата во Хомељ, како и против волонтерката Тациана Ласица. Во ноември минатата година тие беа осудени на три и на две и полгодишни затворски казни, врз основа на политички заснован обвиненија. Тие веќе една година се зад решетки, пишува „Хјуман Рајтс Воч“.

Инаку, белоруските власти ја почнаа офанзивата против активистите по мирните протести низ земјата во пролетта и летото 2020 година. И минатата година белоруската влада се пресметуваше со политичките и граѓанските активисти, независните новинари и борците за човекови права, реализирајќи и кампањи на оцрнување, политички мотивирани судења и малтретирања во притвор, пишува „Хјуман Рајтс Воч“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковачевски-Азески: Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд за недела неработен ден

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk