ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димовски за МИА: Недела неработен ден е реалност, верувам дека ова законско решение ќе остане

January 23, 2022 09:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Дарко Димовски, ССМ. Фото: МИА

Дарко Димовски, ССМ. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Недела неработен ден е реалност и работниците веќе ги уживаат бенефитите од ова законско решение. Иницијативата на Стопанската комора беше еден вид изненадување за нас, но лично сметам дека недела како законско решение ќе остане неработен ден за 92 проценти од работниците, вели во интервју за МИА претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

Задоволен е од спроведувањето на ова законско решение, а за сите забележани неправилности вели дека поднеле пријави до Инспекторатот за труд и до Пазарниот инспекторат за што веќе се изречени и првите санкции. Неправилности се констатирани во маркети и пекари, а според синдикатот, спорни се и спортските обложувалници, казината и угостителските објекти од типот на кафичи каде не се служи  храна.

Дарко Димовски, ССМ. Фото: МИА

– Секаде каде имаме поплаки, пријавивме до Државниот инспекторат за труд и до Пазарниот инспекторат и како што гледате веќе има резултати. Четворица работодавачи кои го прекршиле законот, веќе се парично казнети и затворени 15 дена. Дополнително, онаму каде што сметавме, како што се спортските обложувачници и коцкарници кои не се предвидени во дејностите кои можат да работат во недела, пративме претставки до Министерството за труд и социјална политика и до Министерството за финансии бидејќи очигледно на тие дејности, некој со мислење, а не со законот, им дал да работат. Тоа за нас е неприфатливо бидејќи мислењето не може да го дерогира законот, а законот е јасен дека сите оние дејности кои не се пропишани за работа во недела, не можат да работат. А тоа ни се случува со спортските обложувачници и коцкарниците, посочува Димовски.

Дарко Димовски, ССМ. Фото: МИА

Како следен чекор, Димовски најавува дека во текот на февруари синдикатот ќе почне кампања со која секој месец ќе бидат опфатени по две дејности во кои ќе се анализира дали навистина се почитува исплатата на дневница за работа во недела.

Во интервјуто кое подолу е објавено во целост, Димовски зборува и за општиот колективен договор за јавниот сектор кој како предлог текст уште лани е доставен до надлежните институции, а со кој се предвидува исплата на регрес за годишен одмор за јавниот сектор во висина од 30 до 100 проценти во зависност од можностите на претпријатието или институцијата.

Next Post

Санкционирани 165 возачи во Скопје, 19 за возење под дејство на алкохол, 38 за брзо возење

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk