ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Столтенберг: Подготвени сме за разговор, но и за конфликт

January 28, 2022 17:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој  беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон каде зборуваше за Русија и Украина, порача дека Алијансата е подготвена да ги продолжи разговорите со Москва, но и во случај на руска инвазија на Украина, јави Ал Џезира.

Столтенберг нагласи дека војниците на НАТО нема да влезат на украинска територија во случај на агресија, бидејќи таа земја не е членка на Алијансата, но дека би помогнале на други начини.

Тој додаде дека тоа пред се би значело зајакнување на военото присуство на НАТО на границите на Русија во земјите членки, односно на Балтикот, Полска, Романија и Бугарија, со воведување строги санкции кон Русија и испраќање воена опрема во Украина.

Столтенберг, за кого ова беше прво појавување во јавноста откако НАТО, заедно со САД, одговори на барањата на Русија, вели дека целта е да се избегне конфликт, но дека сите членки на НАТО се подготвени да се спротивстават на Русија. Тој истакна дека украинската армија сега е многу посилна и подобро вооружена отколку во претходниот перио, пренесува Ал Џезира од Вашингтон.

Генералниот секретар на НАТО рече и дека Русија во моментов сака да разговара, но истовремено ги зајакнува своите воени сили, особено во Белорусија, која граничи и со Украина.

„Не можеме да бидеме сигурни кои се плановите на Русија, затоа мора да бидеме подготвени за разговор, но и за воен конфликт. Подготвени сме и за најдоброто и за најлошото. Имаме подготвени 40.000 војници, од кои 5.000 се сили за брз одговор“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека Алијансата, доколку Русија на кој било начин, вклучително и кибернетички, нападне една земја членка на НАТО, ќе одговори на тој напад, што значи и воено.

„Сите за еден, еден за сите – тоа е нашата доктрина“, порача генералниот секретар на НАТО, кој зборуваше и за тоа дали сите сојузници ќе бидат на иста линија.

Столтенберг рече дека најважно е САД и Европа да бидат заедно.

„Заедно покриваме 50 отсто од воените сили во светот… Нашите врати се отворени за секој што сака да биде дел од Алијансата, но никогаш нема да присилиме никого да се приклучи на НАТО“, истакна Столтенберг.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Повеќе од половина од смртните случаи во француските болници поврзани со Омикрон

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk