ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Очекуваме средба Ковачевски-Мицкоски и конструктивен однос од опозицијата

January 31, 2022 20:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски јавно го повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМЕ, разговарале телефонски, и очекувам во наредните неколку недели да се случи лидерска средба каде опозицијата ќе биде информирана за текот на разговорите со Бугарија. Важно е да ги чуеме и нивните ставови, истакна вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

Тој вечерва во гостувањето во дневникот на ТВ Сител, посочи дека самиот факт што има декларација усвоено во Собранието прифатена од сите партии е веќе знак оти постои дијалог, но и линија на која што се согласуваат и ги оцртуваат националните интереси.

-Премиерот Ковачевски јавно го повика лидерот на опозицијата, тие разговарале телефонски и јас очекувам во наредниот период, во наредните неколку недели да се случи лидерска средба на која ќе се разговара за повеќе прашања, меѓу кои и односите со Бугарија, и опозицијата ќе биде информирана за текот на разговорите, но исто така е битно да ги чуеме и нивните ставови, рече Маричиќ.

Според Маричиќ, многу е важно опозицијата да тргне искрено во ова прашање, и дека ќе имаат конструктивен однос, бидејќи како што посочи, прашањето со Бугарија е прашање кое се однесува на нашите европски интеграции, се однесува на добрососедските односи и е проблем кој што нема да исчезне за пет или десет години.

-Ако нивниот одговор на прашањето за уставни измени поврзани со пишување на етнички заедници во Уставот е да го скратиме Собранието за една четвртина, тоа не е изнесување на став. Тоа е едноставно деофкусирање на други прашања. Секако таа треба да биде конструктивна, беше десктруктивна во случајот со Преспанскиот договор. Се надевам дека овој пат ке ја искористат шансата да влезат во овој процес поинаку и навистина да се реши процесот на заеднички интерес без да ги делиме граѓаните, без да оставаме отворени рани кои после ќе ни се вратат како бумеранг или без да оставаме простор да мисли кој било дека во иднина ќе може да се промени под нивен притисок, рече Маричиќ.

Тој додаде дека Владата ќе се грижи комплетно за заштита на нашите интереси, за зачувување на македонскиот идентитет и јазик и што поширок консезус во поглед на оваа прашање.

Next Post

Книгата за холокаустот "Маус" се најде на листата на бестселери по забраната од училишниот одбор во Тенеси

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА