ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Споменот за Тоше зборува за трагите на нашето постоење

February 1, 2022 15:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска, во рамки на престојот во Крушево, ја посети Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење.

Според Костадиновска-Стојчевска, споменот за Тоше говори за трагите на нашето постоење.

– Ако трагите што ги оставаме зад себе говорат за нашето постоење, тогаш споменот на Тоше, на неговиот глас и дело засокогаш ќе продолжат да живеат меѓу нас, рече министерката.

Таа беше информирана за активностите на оваа национална установа во која се изложени над 350 експонати кои ја раскажуваат приказната за детството, подемот и врвот на кариерата на македонската музичка икона Тоше Проески.

Костадиновска-Стојчевска се запозна и со настаните со кои беше одбележана десетгодишнината од отворањето на објектот кој има огромна посетеност, како и со идните активности, меѓу кои и проектот планиран за 15-годишнината од заминувањето на Тоше Проески.

Министерката положи цвеќе на спомен-обележјето и на вечното почивалиште на македонската икона Тоше Проески, кое со поддршка од Владата беше изградено минатата година и претставува само мало оддолжување за сето она што Тоше го направи за нашата земја.

Во рамките на престојот во Крушево, Костадиновска-Стојчевска ја посети и галеријата на доајенот на македонското ликовно творештво Никола Мартиноски. Се запозна со највредните дела од творештвото на една од најистакнатите фигури на македонската култура во 20 век. Преку етнолошката поставка, пак, Костадиновска-Стојчевска се запозна и со македонскиот начин на живот и со народното богатство на Крушевскиот регион.

извор: МИА

Next Post

Варвициотис: Се обидуваме да олесниме во тргањето на бугарското вето, но европската перспектива на Северна Македонија не е неповратен тек

НАЈНОВО

Скриншот од Фејсбук видео на Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025
Селим Ибраими

Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

November 4, 2025
Скриншот

Анчелоти: Имам добри односи со Винисиус, како и со другите играчи

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk