Ниту една празна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, ниту едно штуро соопштение од Град Скопје не можат да ја прикријат неспособноста на Данела Арсовска, реагираат од СДСМ наизјавата на Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.
– Ништо не го сокрива фактот дека Арсовска не сработи ништо во првите 82 дена од нејзиниот мандат. Освен мобилни тоалети и нивелирање шахти, се друго што правеше Арсовска беше партизирање на градската администрација, партизирање на јавните установи и претпријатија под надлежност на Град Скопје. Дури и на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски им е јасно дека Арсовска е големо разочарување за скопјани па затоа секојдневно се обидуваат да го оправдаат нејзиното неработење преку конструкции и празни прес-конференции.
По 82 дена, на сите им станува јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник што некогаш Скопје го имал.





