Мадридски Рајо Ваљекано во чиј редови настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе игра против Бетис, додека Атлетик Билбао за противник ќе ја има Валенсија, во двата полуфинални натпревари во рамки на Шпанскиот фудбалски куп, одлучено е денеска со жрепка.
Првите натпревари ќе се играат во Мадрид и Билбао, на 9 и 10 февруари, додека реваншите во Валенсија и Севиља се на програмата на 1 и 2 март.
Меѓу четирите полуфиналисти, најмногу трофеи во Шпанскиот куп има Атлетик Билбао, вкупно 23, но последниот уште во 1984 година.
Валенсија го освојуваше националниот куп осум пати, Бетис има два трофеи, додека Рајо Ваљекано нема ниту настап во финалето на ова натпреварување.