ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Врачена годинешната награда „Григор Прличев“ за најдобра поема на лауреатат Трајче Кацаров

February 5, 2022 15:16
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Свеченостите на годинешните „Прличеви беседи“ продолжија денеска со централнот настан, доделувањето на наградата на лауреатот Трајче Кацаров, авторот на поемата „Цветко“ избрана за најдобра на традиционалниот конкурс што се објавува во чест на охридскиот поет и преродбеник Григор Прличев.

За животниот пат и творештвото на Кацаров пред присутните во Центарот за култура свое обраќање имаше драматургот Зоран Пројкоски. Претставувањето на  наградената поема „Цветко“, нејзините литературни и уметнички вредности пред присутните ги образложи претседателката на жири-комисијата Маја Јакимоска Тошиќ, а делови од поемата рецитираа актерите Билјана Билаловиќ и Павел Маслов.

Наградениот автор Кацаров се заблагодари за наградата, истакнувајќи дека во своето творештво секогаш се потпира на делата на големите писатели, поети и филозофи, прибележувајќи одредени мисли кои понатака во процесот на творечката имагинација секогаш ја имаат во себе потребата да си биде љубен зошто, како што рече, „поетот не постои без љубовта“.

Пред учесниците на свеченоста зборуваше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој истакна дека македонското поетско творештво, заедно со делото на македонскиот и светски книжевен великан и преродбеник Прличев, од годинава е збогатено е со уште една поема, уште едно книжевно современо остварување со кое се продолжува традицијата на прличевите „Сердарот“, „Скендербег“…

– За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и народен трибун, човек кој влевал надеж за национално будење и културно самоидентификување. Во тој дух се и идеите на  „Сердарот“ и „Скендербег“  поврзани со борбата за народна слобода и заштита на сиромашните, гладните и унесреќените, рече Пецаков.

Во продолжение на денешната програма, беше промовирана монографијата “Прличеви беседи (1952-2022) Хроника на еден културен настан“ од авторите Гордана Змејкоска и Милчо Јованоски.

Чествувањата за Прличев во Охрид ќе бидат заокружени утре со панихида што во 11 часот ќе се служи на гробот на Прличев, додека напладне кај паметникот на охридскиот Хомер беседа ќе одржи Зоран Пејковски од Друштвото на писатели на Македонија, а ќе бидат и врачени наградите за најдобрите литературни творби по конкурсот распишан од ОУ „Григор Прличев“.

Next Post
Бранко Тричковски

Излегувањето на Македонците од македонското ропство

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk