ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Војна на икебаните за Гоце

И Петков и Ковачевски успешно одиграа уште една партија реми, не дозволувајќи да потклекнат на политичките притисоци да го прекинат процесот што транспарентно го договорија нивните влади, а кој се темели на обостраното разбирање дека нешто суштински треба да се менува, бидејќи за сиромашните, нацијата и националните херои се единствената сопственост што ја поседуваат и за која до бесвест би се расправале

February 7, 2022 12:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Целата оваа актуелна драма со Бугариве низ која поминуваме на домашнава политичка сцена почнува многу да заличува на реприза на она низ што поминувавме како општество пред некоја година со Грците. Истите добронамерни и загрижени предупредувања, но и плачливи националистички петиции, патетични колумни, „сечења вени“ по телевизиски дебати, плукачки партиски прес-конференции и уа-свиркања по политичари на јавни настани, изјави и деманти, „прогресивци“ и „предавници“, ЕУ-курва, јазикот, идентитетот, името, нацијата, иднината на децата… Повторно фонтана од емоции поголема и повисока од онаа пред „Цезар Палас“ во Лас Вегас кога е најраспрскана.

Можеби и затоа што е реприза, аргументацијата на сите, и на оние кои се про и на оние кои се контра договарањето со Бугарите, сега изгледа и звучи уморно, рециклирано, рутинирано, авто-референтно, „веќе видено“, здодевно… Но, се добива впечаток дека Бугариве како повеќе да ги доживуваме навредливо и гадливо од Грците; некако, „модерново“ негаторство што со децении доаѓаше од кај нашиот јужен сосед како да беше „попринципиелно“, со презрива соседска дистанца: не може, во принцип, името „Македонија“ и точка! (После се виде дека може.) А со Бугариве е полично, како семејна кавга на семејна трпеза: не само што, во принцип, не може да постоите како Македонци, туку сте Бугари и точка!

Но, прашањето и тогаш и сега е дали овдешниот „патриотизам“ треба да се мери со тоа колкава ви е желбата и капацитетот (од интелектуалниот, до оној за плукање) жолчно да се расправате со соседите? Како во основно школо кога сте изложен на мобинг од некое покрупно, исфрустрирано дете: да се тепате и да ви го раскрвари носот; или да го игнорирате и да чекате да порасне? И двете стратегии имаат свои тактички предности, но вистинската стратегиска мудрост е, кога сте послаб, кога да одберете што да правите, оти пораснувањето секако ќе дојде, само е прашање после колку раскрвавени носеви?

Отприлика во една ваква, веќе видена, општа атмосфера се одвива и оваа јавна (благо речено) дебата за она што сега кај нас се случува меѓу Македонија и Бугарија. Дали Петков ќе биде „бугарскиот Ципрас“ сѐ уште е рано со поголема сигурност да се прогнозира, но на македонска страна повеќе ги нема Заев и Димитров, како клучни и енергични двигатели на преспанското решение со Грците (напротив, Димитров е во друга, не помалку енергична „мртва трка“ во докажувањето дека Владата подготвува национално предавство); а и за Ковачевски и за Османи е прерано да се каже дали ќе бидат новите „македонски Заев и Димитров“.

Не ја знам во детали стратегијата на Петков во Бугарија, но Ковачевски и Османи имаат одлична лекција што можат да ја применат од стратегијата на Заев и Димитров во преговорите со Грција (а, и пред тоа, со Охридскиот договор): процесот цврсто да се држи во рацете и на „шините“ што демократски ги поставува власта, без разлика на силината на отпорот и напорите за влијанија и деконцентрација што доаѓа од разни страни.

Во оваа смисла, улогата и на Пендаровски е многу важна, дури и кога флертува со наметнатите бугарски провокации.

Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ си се истите – Мицкоски тогаш ја лажеше Меркел, сега Макрон нека му ја мисли! Константа. Како што ги нема ни во колективната фуснота за нашето влегување во НАТО, може да се случи на истиот начин да поминеме и со интеграцијата во ЕУ. Попаметните вмровци Бога молат оваа Влада да го протурка решението со Бугарија, за Македонците, кога-тогаш, да влезат во ЕУ, бидејќи се свесни дека, дојде ли проблемот во нивни раце, останавме Македонци вон ЕУ засекогаш!

Во меѓувреме, преживеавме уште една македонско-бугарска „војна на икебаните“ по повод споменичното чествување на Гоце Делчев. Деталите се познати, мислам дека и годинава политичкиот резултат е нерешен. Всушност, и Петков и Ковачевски успешно одиграа уште една партија реми, не дозволувајќи да потклекнат на политичките притисоци да го прекинат процесот што транспарентно го договорија нивните влади, а кој се темели на обостраното разбирање дека нешто суштински треба да се менува, бидејќи за сиромашните, нацијата и националните херои се единствената сопственост што ја поседуваат и за која до бесвест би се расправале. Двајцата се обидуваат да го „диверзифицираат“ билатералниот инвестициски капитал, да не продолжат уште две-три генерации Македонци и Бугари да чмаат само во „индустрискиот сектор“ историја.

Одиме понатаму…

 


Преземено од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

July 14, 2025

Двоен Трибунал

July 14, 2025
Скриншот

Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk