ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за минимална плата, станаа „за“ кога постигнавме договор

February 9, 2022 10:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски  вели дека ВМРО-ДПМНЕ биле против Законот за минималната плата, а станале „за“ кога социјалните партнери постигнаа договор. На опозициската партија која најави амандманска интервенција на законот за усогласување на платите со минималната Ковачевски денеска и порача првин да одговори дали биле „за“ минимална плата и дали го блокирале цела година во Собранието законот за трансформирање на работниот однос на 4 700 наставници.

– Ако некој беше против овој закон тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за минимална плата и кога се правеше минатото покачување, тие беа и сега против, но станаа „за“ вечерта кога постигнавме договор за покачување на минималната плата, а дел од нив и утрото затоа што ја преспале ноќта, бидејќи доцна беше прес-конференцијата, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на платите.

Покачувањето на платите кои не се дел од минималната плата, нагласи премиерот, е дел на колективно договарање. Тоа колективно договарање, појаснува, има свои партнери зависно од институцијата и зависно гранката во која се одвиваат.

– Во одредени сектори веќе имаме зголемување на платите. Тоа особено се направи во делот на здравството, во делот на негувателите, а исто имавме обид за зголемување на платите во наставниот кадар, поднесовме закон во Собранието за трансформирање на работниот однос на 4 700 наставници од определено на неопределено време при што беше дефинирано и платата да расте со коефициент поврзан со минималната плата, рече Ковачевски.

Тој дополни  дека ВМРО-ДПМНЕ една година го блокирале тој закон.

– Цела една година ВМРО-ДПМНЕ го блокираше тој закон. И после блокирање на тој закон цела една година, тие сега ќе поднесувале амандмани за усогласување на плати. Еве нека поднесат амандмани, но нека излезат пред работниците да кажат дали биле „за“ минимална плата и дали го блокирале законот за трансформација на наставниците при што ќе имаше усогласување на платите со минималната плата. Прво тоа да одговорат па потоа ќе зборуваме за амандманите кои ги даваат на Закон за кој беа против, а вечерта станаа „за“, нагласи Ковачевски.

Во однос минималната плата, вели тој, таа е резултат на колективно договарање, односно социјален дијалог меѓу Сојузот на синдикати на Македонија со Владата, ресорните министерства, но и сите други синдикати кои не се репрезентативни. Таму биле и сите здруженија на работодавачи, а претходно Ковачевски и лично одржал состаноци со сите стопански комори.

Извор: МИА

Next Post

АНБ наследило околу 20.000 барања за државјанство од УБК, сега одговара на над 1.000 месечно

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk