ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шаќири: До инклузивно општество преку сериозни вложувања на сите нивоа на образовниот процес

February 10, 2022 16:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Подигнувањето на инклузивноста на образовниот систем е врвен приоритет на Министерството за образование и наука и на Владата на Република Северна Македонија.

Како оваа определба што поуспешно да се преточи во воспитно-образовниот процес, денес, на работна средба, разговараа министерот за образование и наука Јетон Шаќири, Спасе Додевски, советник на Претседателот на Владата задолжен за здравствена заштита, образование, социјална заштита и институционален систем за лица со попреченост и претседавач на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, како и Лидија Крстевска Дојчиновска, државен советник во Канцеларијата на Претседателот на Владата.

„Создавањето општество во кое никој нема да биде отфрлен е долготраен процес, кој вклучува сериозни вложувања на сите нивоа на националниот образовен систем и истовремено менување на општествената перцепција за лицата со попреченост. Како Министерство, продолжуваме со инвестициите во подобрувањето на пристапноста и достапноста на образовните институции како и во наставните содржини“, нагласи министерот Шаќири.

На средбата се разговараше и за потребата од подигнување на капацитетите на наставниот кадар и стручните соработници преку обуки за инклузивно образование и работа со ученици со посебни образовни потреби. Беше истакната и подготвеноста за отворање на дебата со високообразовните установи и сите други заинтересирани страни за текот на инклузивниот процес во државата, но и за компатибилноста на наставните програми и курикулумите по кои се образуваат идните наставници и стручни соработници и за можностите за нивно прилагодување и внесување на нови содржини кои ќе го помогнат инклузивниот процес во иднина.

Поаѓајќи од фактот дека правото на образование е основно човеково и уставно загарантирано право на секој поединец, соговорниците се согласија дека како општество и институции, сите заедно, треба да работиме на негово обезбедување и за децата со попреченост.

 

Next Post

Расчистена тешка кражба, приведено едно лице, украденото ќе биде вратено на сопственикот

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

November 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи; Обвинителката Бонди почна постапка за „Епштајн врските“

November 15, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk