ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Германија е наш пријател и поддржувач во политиките насочени кон унапредување на работничките права, социјалната заштита и родовата еднаквост

February 10, 2022 12:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска, денеска оствари средба со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн и заменик амбасадорот и раководител на економскиот сектор во германската амбасада, Ото Граф, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

На средбата е разговарано за областите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, а во кои има тесна соработка со Република Германија, како што се работните односи, социјалната заштита, родовата еднаквост, заштитата од дискриминација и превенција и заштита од трговија со луѓе.

Министерката Тренчевска истакна дека унапредувањето на работничките права, статусот на работниците и воопшто подигнувањето на животниот стандард на граѓаните е приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика. Во таа насока таа информираше дека денеска измените на Законот за минимална плата ќе бидат претставени пред пратениците во Собранието на Северна Македонија.

„Низ социјален дијалог, се донесе најодржливото решение за утврдување на минималната плата. Заедно со социјалните партнери преку отворена дискусија, дојдовме до решение кое одговара на сите засегнати страни. Минимална плата од 18.000 денари и измена во критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот. Притоа, таа нема да биде пониска од 57 % од  просечната плата објавена од Државниот завод за статистика, за претходната година,“ рече Тренчевска.

Министерката рече и дека Владата обезбедува финансиска поддршка за работодавачите во делот на придонесите на нето зголемената минимална плата.

Германскиот заменик амбасадор Граф рече дека од страна на германските инвеститори во државата ова решение има голема поддршка, како и дека тие се стремат кон достигнување на европски плати и за работниците во Северна Македонија.

Од страна на германската амбасадорка беше посочено дека постоењето на социјален дијалог во општеството е од особено значење, но и чувството на граѓаните дека се дел од него, преку мерки и политики кои се во нивни интерес.

На средбата стана збор и за законското решение недела -ден на неделен одмор, во смисла на исклучоците и неопходноста на одредени дејности да работат во недела, кои законот ги предвидува, а согласно тоа работниците да добијат надомест за работа во недела и слободен ден, во текот на следните седум дена.

Соговорниците ја потврдија одличната соработка на Министерството со Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, на полето на социјалното претприемништво, формализација на сезонската, неформална работа, трговија со луѓе, како и антидискриминацијата и политиките за родова еднаквост.

Министерката рече дека Законот за заштита од дискриминација има големо значење и во однос на усогласување на нашето со европското законодавство, но и за нашите граѓани, потоа Законот против насилство на жените и заштита од друг вид на насилство и новиот предлог Закон за родова еднаквост, кој е во финална фаза, се актуелните Закони за кои Министерството одговорно застана.

Соговорниците изразија подготвеност на продолжување на добрата соработка и негување на добрите пријателски односи и во иднина.

Next Post

Утре прв лет Скопје – Софија

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk