ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓуровски-Димовски: Вратите на АНБ отворени за најдобрите студенти

February 12, 2022 08:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски и проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност-Скопје остварија работна средба на која се разговарало за имплементација на Меморандум за соработка меѓу двете институции.

Како што соопштија од Универзитетот „Св.Климент Охридски“, била истакната заедничка заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на едукацијата и обуката на кадри.

Дел од најдобрите студенти од областа на безбедносните науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и другите Универзитети се вработуваат во Агенцијата за национална безбедност,  заеднички констатирале на средбата директорот Димовски и проректорот Ѓуровски.

Во изминатата година најмалку пет студенти со највисок постигнат просек на студирање од УКЛО беа вработени во АНБ. Се планира во престојната 2022 година да продолжи вработувањето на најдобрите студенти од измината академска година од УКЛО, односно безбедносните науки врз основа на утврдената законска и безбедносна процедура.

Проректорот Ѓуровски најавил дека ќе достават листа на најдобрите студенти во изминатите две години, со цел преку утврдената постапка на законска селекција  Агенцијата за национална безбедност да одлучи најмалку пет од нив да вработи во редовен работен однос.

Воедно, во престојониот период ќе се интензивира соработката од областа на заеднички интерес, како што се: практична настава за студентите, обуки, научноистражувачка и апликативна дејност, соработка при изработка на значајни стратегиски документи од областа на безбедноста, експертска помош, користење библиотечен фонд, организирање тркалезни маси, дебати, конференции и други заеднички настани.

Меморандумот предвидува и соработка во областа на стипендирањето и доделувањето школарини, како и давање препораки за профилирање на професионален кадар од редовите на студентите на Универзитетот за потребите на Агенцијата.

Извор: МИА

Next Post
Фото: А. Ѓорѓиоска / Фронтлајн

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk