ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Челзи во Абу Даби го освои единствениот трофеј што му недостасуваше, убиен навивач на Палмеирас

February 13, 2022 19:03
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Челзи ја продолжи победничката серија на европските екипи во финалињата на Светското клупско првенство и со саботниот триумф над бразилски Палмеирас 2-1 (1-1,0-0) го освои единствениот трофеј што му недостасуваше во клупските витрини.

До својот дебитантски трофеј во натпреварувањето во организација на ФИФА, фудбалерите на Челзи дојдоа по продолжение во финалето во Абу Даби, во кое поразот на јужноамериканскиот шампион доведе до инциденти во Сао Паоло и убиство на еден навивач.

Челзи поведе со голот на Ромелу Лукаку во 55 минута, а откако натпреварот во продолжение го однесе Рафаел Веига со прецизен удар од белата точка (64 м), Каи Хаверц се запиша во листата на стрелци во 117. минута за голема радост на премиерлигашот од Лондон.

За Челзи ова беше второ финале на Светското клупско првенство, по премиерата во 2012 година кога загуби од бразилски Коринтијанс со 1:0.

Тоа, воедно, беше и последен пат победник на европската Лига на шампиони да загуби финален натпревар. Пехарот оттогаш Реал Мадрид го освои четири пати, Баерн Минхен два пати, а по еднаш Барселона, Ливерпул и Челзи.

Навивачите на Палмеирас финалето го следеа на големи екрани поставени пред клупскиот стадион во Сао Паоло, а полицијата соопшти дека во оружен инцидент е убиен еден маж, затворски чувар, кој за време на инцидентот не бил на должност.

– Дојде до физичка пресметка меѓу навивачите што предизвика немири и еден маж беше застрелан, соопшти полицијата.

Локалните медиуми јавија денеска дека интервентната полиција користела солзавец и гумени куршуми за да ја растера толпата, при што приведено е едно лице.

Извор: МИА

Next Post

Цветанов: Руската шпионажа и дезинформации го дестабилизираат регионот на Црното Море и Западен Балкан

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk