ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ посакува дипломатско решение со Русија, но се подготвува за сите сценарија

February 14, 2022 13:28
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролите во Европската Комисија денеска повторија дека Европската Унија се подготвува за сите исходи во случај на ескалација на руско-украинскиот конфликт, но вложува максимални напори за дипломатско решение, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија одблиску ја следи ситуацијата во и околу Украина, и паралелно продолжува да вложува дипломатски напори на сите нивоа и да се координира со партнерите во Европа и во САД за да се изнајде мирно решение за деескалација на конфликтот меѓу Русија и Украина.

САД стравува од руски напад врз Украина во наредните денови, повтори американската администрација вчера. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, телефонски разговараше со шефот на американската држава, Џо Бајден. По повикот е соопштено дека ЕУ работи на сеопфатен и солиден пакет на санкции против Русија доколку таа посегне по агресија врз Украина и доколку продолжи да ја ескалира ситуацијата, изјави портпаролката Дана Спинант.

Санкциите на ЕУ би биле од финансиска и економска природа, но не само, додаде таа, меѓутоа санкциите се доверлива тема во ЕУ и во овој момент Комисијата одбива да соопшти било какви детали за разговорите на оваа тема со јавноста.

Европската Унија уверува исто така дека се подготвува за сите можни сценарија во случај на ескалација или војна: во однос на енергијата, бегалците од Украина, или пак економските последици.

-Работиме на подготвеност во широка смисла на зборот, од сите аспекти, доколку ситуацијата ескалира дополнително, бегалците и мигрантите се еден од тие аспекти, но не можеме да споделиме ништо специфично освен дека ќе биде подготвени за ова и било што друго, работиме со земјите членки за обезбедување оперативна поддршка на секое ниво, додаде Спинант.

Миграцијата и азилот се една од најчувствителните теми во Европската Унија. Европската Комисија пред повеќе од една година поднесе нацрт реформа на системот на азил и миграција во ЕУ, но за сега земјите членки не успеале да се усогласат и да го прифатат.

Комисијата уште еднаш повика да се усвои предлогот. /MИА/.

Next Post

Астрономот Бил Греј: Ракетата што ќе се судри со Месечината, не е на „Спејс-Икс“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk