ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Осумнеделен континуиран раст на цените на нафтата на светските берзи

February 14, 2022 09:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

И изминатата недела имаше раст на цените на нафтата на светските берзи, осма недела по ред, како последица на тензиите меѓу САД и Русија, околу Украина, но и на проценките за зголемената побарувачка оваа година на рекордно ниво.

Новите, највисоки цени на нафтата од крајот на 2014 година, најмногу се должат на скокот во петокот за три отсто, откако Белата куќа соопшти дека Русија сега има доволно војници да почне воена операција во Украина. Се тврдеше дека нападот може да се случи секој ден, па затоа, сите Американци би требало да ја напуштат Украина во рок од 24 до 48 часа.

– Сите сакаат да си обезбедат доволно нафта… ако дојде до инвазија, знаете дека следуваат санкции против Русија, што може да предизивикаат нарушување на снабдувањето со гас и нафра, изјави во петокот, Ендрју Липов, претседател на Lipow Oil Associates.

Меѓународната агенција за енергија ја соопшти оценката за недоволно снабдување, откако Организацијата на земјите извознички на нафта, предупреди дека светската побарувачка за нафта, оваа година може да расте уште повеќе, со оглед на силното закрепнување на економиите од корона кризата.

Но, Меѓународната агенција за енергија соопшти дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, со поголемо производство, би можеле да ги смират нестабилните пазари.

Иако се во раст осум недели по ред цените на нафтата се забавуваат во последните седмици, бидејќи економскиот раст би можел да забави во иднина.

Имено, затоа што во САД инфлацијата достигна 7.5 отсто, највисоко ниво во последните 40 години, американската Централна банка наскоро ќе ги зголеми клучните каматни стапки, и тоа поагресивно, отколку што се очекуваше.

Со ова, може да се забави растот на најголемата светска економија, а со тоа, и побарувачката за нафта.

Откако лани се зголемија за над 50 отсто, од почетокот на оваа година, цените на нафтата скокнаа за повеќе од 20 проценти./MИА/.

Next Post

Ангел

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk