ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски-Дефа: Поддршка во економскиот напредок на Северна Македонија

February 21, 2022 18:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со д-р Валтер Дефа, специјален советник за економски политики на премиерот, номиниран од Канцеларијата на Канцеларот на Сојузна Република Германија, кој беше присутен на состанокот заедно со амбасадорката на СР Германија, Анке Холштајн.

На состанокот се изразени честитки за мандатот на премиерот Ковачевски и е посочено на големата и искрена поддршка од СР Германија на евроинтеграциските и на развојните процеси на нашата држава, коишто продолжуваат со цел напредок на Република Северна Македонија.Споделен е впечатокот дека Владата на Република Северна Македонија има поставено цели и знае што сака да постигне на економски план и во таа насока се разменети мислења околу унапредувањето на имплементацијата на проектите.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големото пријателство со СР Германија, кое што го оцени како значајно, како на полето на интеграциите, така и во областа на економијата.

„Фокусирани сме на решавање на енергетската ситуација, како и на социјалниот дијалог, преку којшто ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, а сега работиме и на планираното зголемување на пензиите. За нас како Влада е од клучно значење унапредување на животниот стандард на граѓаните. Развојот на економија се постигнува преку инвестициите и иновациите и исто така продолжуваме со структурните реформи и со посветеноста кон нивна ефикасна имплементација“, рече премиерот Ковачевски.

На средбата на премиерот Ковачевски и германскиот советник д-р Дефа е договорена интензивна комуникација и средби на коишто ќе се разгледуваат мерливи резултати од предвидените динамични активности.

Next Post

Историски три автогола за половина час постигна новозеландска фудбалерка

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk