ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со СДСМ растат платите, поголема минимална плата за помош на работниците

February 21, 2022 18:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Она што како СДСМ и владејачка партија го правиме најдобро е континуирано подигање на платите, минималната и просечната, а  со тоа и подобрување на животот на граѓаните. Ветивме дека ќе има раст на минималната, но и на сите плати и тоа во последните 4,5 години навистина го покажуваме на дело, истакна пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска.

Таа потсети дека СДСМ во 2017 година кога дојде на власт донесе измени на законот за минимална плата, кој беше дискриминирачки, направи социјална неправда и голема поделба на богати и сиромашни, посебно на најранливите.

Додека едни земаа 10.080 денари, помногубројни беа оние, особено вработените во текстилната, кожарска и чевларската дејност, кои земаа 8.900 денари, првиот предизвик беше да се изедначи минималната плата за сите дејности и во ј2017 година ја зголемивме на 12.000 за сите во сите сектори, истакна Лазаревска, додавајќи дека во 2018/19 година, минималната плата е покачена на 14.500, а во моментов според постоечките критериуми изнесува 15.194 денари.

Таа од собраниската говорница на расправата за законот за минимална плата, нагласи дека законот за минимална плата произлезе по договор меѓу синдикатите, работодавачите и владата.

Лазаревска нагласи дека предложениот закон за минимална плата  прави пореално отсликување на животните потреби и минималната плата ќе се усогласува со 50% од годишен раст на просечната плата и 50% со раст на трошоците за живот според податоците од државниот завод за статистика.

Важен критериум кој нема да дозволи диспропорција е третиот критериум за минималната плата, според кој таа не смее да биде помала од 57 отсто од просечната плата, нагласи Лазаревска, додавајќи дека усогласувањето ќе почне да важи со мартовската плата.

Таа наведе дека овој закон ја уредува и финансиската помош за исплата и контрола во остварување на финансиска помош за работодавачите, критериумите како фирмите да користат субвенции, од 1.197 денари и ги обврзуваат фирмите да не ги испуштаат работниците за кои зеле субвенција најмалку 1 година.

Не гледам пречка на колегите од опозиција, зошто не сме прифатиле нивни амандмани, бидејќи со нив сакаат директно да извршат упад во матичните закони по сектори и во колективните договори, а претставуваа и суспензија на социјалниот дијалог, истакна Лазаревска.

Навистина овој закон е одличен текст со кој ќе ги помогнеме на најранливите категории, работниците, оние кои земаат минимална плата но тоа ќе влијае и на другите работници и ќе предизвика спирален раст на платите, порача пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска.

 

Next Post

Ковачевски-Дефа: Поддршка во економскиот напредок на Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk