ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Еврејска заедница: Очекуваме надлежните да преземат соодветни мерки против оние кои шират говор на омраза

February 22, 2022 12:33
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Еврејската заедница во земјава е вчудоневидена од неверојатниот говор на омраза по повод на престојот на една ортодоксно религиозна еврејска група во државава, која е во основа мирољубива и не загрозува никого, реагираат од Еврејската заедница.

Потенцираат дека една група од 38 члена, со регуларен престој во земјава, облечена во својата традиционална облека, каде повеќе од половината се жени и деца предизвика неверојатен говор на омраза, антисемитизам и ксенофобија.

– Една мала група на подбуцнувачи со своите изјави во стилот „Треба да се запали хотелот со се Евреите по него“ предизвикува страв и непријатно чувство на Евреите во Република Македонија. Никогаш Евреите во Македонија, не се судриле со таков антисемитизам, ксенофобија и јазик на омраза, кој може да предизвика несогледиви последици, нагласуваат од Еврејската заедница.

Оттаму ги замолуваат новинарите крајно внимателно да известуваат за групата и она што се случува во врска со нив.

– Инсинуациите дека се водат разноразни судски процеси за киднапирање на деца и други недолични работи од нив, не се точни и не се однесуваат за оваа група американски, канадски и други западно европски граѓани, припадници на оваа група со еврејска вероисповед. Јазикот на омраза и непочитување, ксенофобија, антисемитизам и фанизам, скапо го плати еврејскиот народ во Македонија. 7.144 евреи одведени на 11 март 1943 во Треблинка од каде никој жив не се врати, како и многуте борци Евреи кои загинати во Втората Светска Војна борејќи се рамо до рамо со останатите македонски борци се цена што еврејскиот народ ја плати за идеалите на слободна Македонија. Дали сега треба да дозволиме да една мала група подбуцнувачи, а јас би рекол и непријатели на демократскиот развој на Македонија, шират омраза и нетрпеливост кон Евреите?, се вели во соопштението.

Од Еврејската заедница очекуваат надлежните органи како што се Обвинителството, МВР, Комисијата за заштита од дискриминација и други, да преземат соодветни мерки против, како што велат „подбуцнувачите“ на омраза и ширење на фашизам, ксенофобија и антисемитизам, а градоначелниците од актуелните општини активно да се вклучат и им објаснат на луѓето што протестираат против престојот на оваа група во нивна средина, дека оваа група само затоа што е облечена во поинакви алишта и со поинаков изглед, практикувајќи ја ортодоксната еврејска религија не претставува никаква опасност за никого.

Извор: МИА

Next Post

Просечната нето-плата 29.943 денари

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk