ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Путин за почетници

И понатаму, генерално, останува нејасно каде ли ги води Путин Русија и Русите?! И колку ли тоа нив ќе ги чини, во секоја смисла, кога на сите други им е прескапо?

February 22, 2022 09:16
in ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Она што на многу наивни, па и добронамерни коментатори, можеше и да им заличи како неколкунеделна интензивна „антируска западна пропаганда“, на крајот излезе дека бил точен опис на намерите на Путиновиот агресивен план против Украина. Тој, всушност, во ниту еден момент не бил подготвен на дипломатско решение на проблемот што самиот го создаде, за што го тинтраа дузина меѓународни, западни државници. Не помогнаа ни предупредувањата и заканите за последиците од ваквата негова политика. Сега коцката е фрлена, а на неа има само кецови на сите страни.

Но, на тоа мораше да претходи еден типичен пропагандно-политички театар од репертоарот на „Путин за почетници“…

Глетката во Кремљ, од каде Путин вршеше директен ТВ пренос од попладневната седница на неговиот Совет за безбедност, наликуваше на некоја бизарна сцена од надреален политички игроказ: огромна кружна сала со десетметарски високи антички (дорски ли, коринтски ли, или јонски) столбови, со димензии на олимписки стадион за групен спорт. На едниот крај зад бело биро седнат современиот „руски цар“, санитарно оддалечен триесетина метри (!) од полукругот функционери, наредени во два реда бели со плиш тапацирани столици. Еден по еден, членовите на Советот за безбедност му реферираат на Путин за состојбите „на теренот“. Сите го убедуваат „нерешителниот“, оптоварен со „историската одговорност“ руски лидер (еден од функционерите видно возбуден и замуцкан, да ти бил тоа шефот на разузнавачките служби) дека двете „откинати“ провинции Луганск и Доњецк во источна Украина треба да бидат признаени од страна на Русија како независни републики, токму како што пред десетина дена Путина го советуваше и руската Дума. А тој божем се двоуми, морално се крши, светски државник е, не сака да изгледа како „лесна женска“ и да го стори тоа неуверливо, на брзина, во шоуто со директниот ТВ-пренос…

Одлуката за признавање на самостојноста (со потпишување државен указ) на украинските републики Путин ја објави неколку часа подоцна, повторно во долго телевизиско обраќање (со нему омиленото, по малку и социопатско историско попување) до сите заинтересирани за тој спектакл. Се работело за „стари руски територии“, украинската држава е историска грешка (на болшевиците), со марионетски прозападен режим во Киев.

Со слични признавања се очекува да излезат Никарагва, Венецуела, Куба… Белорусија, се разбира. Она што следува, логично, е праќањето руски воени трупи во „мирнодопска мисија“ за одбрана на „новостекнатиот суверенитет“ на Луганск и Доњецк од украинската воена закана – иако таму и онака и до сега врие од руски војници кои утре само ќе си ги променат ознаките на униформите. Сценариото се одвива точно како што со недели најгласно предупредуваше администрацијата на американскиот претседател Бајден, читајќи го Путин како отворен „селски буквар“ за овој вид на опасни провокации.

Со тоа завршува вториот чин на руско-украинската криза. Првиот беше пред осум години, со руската окупација на Крим. Како ќе изгледа третиот чин? И дали тој ќе биде последен?

Тешко е да се предвиди како ќе се одвива натамошниот расплет на тукушто ескалираната криза. За очекување е дека, откако воено ја запоседнаа источна Украина, Русите сега ќе инсистираат на дипломатија, преговори, договори, посредувања… со кои меѓународно ќе се легитимира и оваа територијална окупација. Западот ќе воведе санкции чиј обем и дострел не е познат, но речиси сигурно – за прв пат – ќе удрат и по големата (западна) индустрија на перење руски пари. Тоа ќе боли. И ништо нема да се промени.

Што ќе прават Украинците? Веројатно ништо драматично поразлично од она што го прават и до сега: ќе избегнуваат воен конфликт со Русите, обидувајќи се да одржуваат политичка и економска стабилност, финансиски помогната од Запад. И така со години, најверојатно и децении.

Но, и понатаму, генерално, останува нејасно каде ли ги води Путин Русија и Русите?! И колку ли тоа нив ќе ги чини, во секоја материјална, морална и временска смисла, кога на сите други им е прескапо?

 


Преземено од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Без вода утре село Трубарево и улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во Гази Баба

July 14, 2025

Уставниот суд оформил 71 нов предмет во второто тримесечје од 2025

July 14, 2025
Генерирано со ВИ

Иран: Не е утврден датум за средба со САД за нуклеарните прашања

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk