ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Советот на гувернери на МААЕ свика итна седница поради војната во Украина

February 27, 2022 17:39
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на гувернери на Агенцијата на ОН за нуклеарна енергија (МААЕ) за в среда свика итна седница поради агресијата врз Украина, каде работат четири нуклеарни централи и има огромни капацитети за складирање на нуклеарен отпад, вклучувајќи го и оној во Чернобил.

Состанокот е свикан на барање на Украина, која не е членка на Советот, велат дипломатите.

Земјите-членки на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), што не се во Советот, како што е случајот со Украина, може да побараат свикување на ова тело.

„Бордот на гувернери на МААЕ ќе одржи состанок в среда за да разговара за актуелната ситуација во Украина“, се наведува во соопштението.

Темата на состанокот беше „Безбедноста, издржливоста и последиците од ситуацијата во Украина“, изјави дипломат за британските медиуми.

Откако Русија во четвртокот утрината ја нападна Украина директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, изрази загриженост и „ги повика сите страни да се воздржат од мерки или дејствија што можат да ја загрозат безбедноста на нуклеарниот материјал и безбедното работење на нуклеарните постројки“.

Руските сили во петокот го зазедоа Чернобил, на околу 70 километри од Киев, каде се наоѓа затворената нуклеарна централа што во 1986 година  беше средиштето на најголемата нуклеарна катастрофа, а по нивното пристигнување таму дојде до драстично зголемување на нивото на радијација, поради движењето на тешкото воооружување што веројатно во воздухот крена радиоактивна прашина.

Персоналот што работи во Чернобил треба да има право на редовен одмор, предупреди МААЕ во саботата, што значи дека смените мора да се менуваат за да се осигури безбедноста на централата. /MИА/.

Next Post
Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Нови 378 позитивни случаи на ковид 19, оздравени се 432 пациенти – 7 починати лица

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk