ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери-Османи: Косово постојано ја повторува својата поддршка за започнувањето на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија

March 5, 2022 12:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На вториот ден од официјалната посета на Република Косово, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, придружуван од пратениците Бејџан Илјаз, Бети Стаменкоска Трајкоска и Изет Меџити, членови на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Косово, остари средба со Претседателката на Република Косово Вјоса Османи Садриу.

На средбата беа реафирмирани исклучително добрите билатерални односи меѓу Северна Македонија и Косово, како и подготвеноста на двете страни за натамошно градење на блиско и трајно пријателство и соработка.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери се заложи за продлабочување на меѓусебната поддршка, консултации и размена на искуства за натамошен прогрес во реализирањето на стратешките цели на двете земји. Нагласувајќи дека Република Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Северна Македонија и меѓу главните извозни пазари за нашата економија, Џафери истакна дека економската соработка е дополнителен поттик за натамошно унапредување на билатералните односи. Во наредниот период фокусот треба да биде ставен на инфраструктурното поврзување во делот на транспортот и енергетиката, како и продлабочувањето на соработката во други области во интерес на граѓаните од двете земји.

Џафери ја повтори поддршката на Северна Македонија за евро-атлантските аспирации на Косово и нашата подготвеност за давање придонес во таа насока, како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ. Република Северна Македонија, исто така, ќе продолжи со поддршката за пристапување на Република Косово кон меѓународните организации и регионалните иницијативи.

Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, се осврна на важноста од континуираната соработка меѓу двете земји и поинтензивната динамика на контактите и дијалогот. Таа ја изрази закриженоста за можните импликации на развојот на настаните во Украина врз безбедносната состојба во земјата и регионот, нагласувајќи дека членството на Косово во НАТО е итна потреба за гарантирање на безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко. Таа, исто така порача дека граѓаните на Косово се посветени на зачленувањето во ЕУ и во таа насока оцени дека иницијавата „Отворен Балкан“ не е во прилог на таа цел. Османи Садриу ја нагласи незаменливата улога на парламентите во донесувањето на одлуки и пренесувањето на пораки, особено во поглед на актуелните настани. Таа истакна дека Косово, на сите форуми на кои што учествува, постојано ја повторува својата поддршка за започнувањето на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија.

Соговорниците најостро ја осудија воена агресија на Руската Федерација врз Украина и ја нагласија потребата од координација за сите можни негативни ефекти во регионот, како и обединувањето на силите и гласот на подршка со запдните пратнери.

На покана од претседателот на Собранието на Република Косово Глаук Коњуфца,  претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери учествуваше на активностите по повод чествувањето на 24. годишнината од Епопејата на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Тој присуствуваше на Свечената седница на Собранието на Република Косово и на парадата на припадниците на Безбедносните сили на Косово и положи венец со цвеќе на гробот на основачот на ОВК, Адем Јашари, во Меморијалниот центар во Преказ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Бранко Тричковски

Како да го убиеме вморонот во Македонецот!?

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk