ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

И покрај историски најниската невработеност и позитивните економски трендови, украинската криза би можела да го загрози очекуваниот раст

March 6, 2022 09:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Стапката на невработеност во последното тримесечје од 2021 изнесуваше 15,2 отсто, што претставува историски најниско ниво во независната економска историја на земјата. Во исто време, во четвртиот лански квартал БДП на земјата се зголеми за 2,3 проценти на годишно ниво, со што целата 2021 година заврши со економски раст од 4 отсто.

Сепак, и покрај ваквите позитивни економски трендови се стравува дека пролонгирањето на руско-украинскиот конфликт би можело да има негативни последици на изгледите за планираниот раст на економија од 4 проценти и во 2022 година.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера на Фејсбук објави дека и во услови на двегодишна економска криза, невработеноста постојано паѓа, а последните податоци покажуваат дека таа е на историски најниски 15,2 отсто, како резултат на добрите економски политики на Владата, посветената работа и фокус на економијата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, невработеноста во четвртото тримесечје лани е намелено за 5,6 проценти, односно за 0,9 процентни поени во споредба со истиот период во 2020 година.

Согласно владиниот План за забрзан економски раст, со растот на инвестициите, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3 отсто во 2026 година, а стапката на невработеност првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6  проценти.

Податоците на ДЗС покажуваат и дека економскиот раст во последниот квартал на 2021 година е резултат на силната домашна побарувачка и бруто инвестициите. Приватната потрошувачка забележала годишен раст од 5,7 отсто, надминувајќи го предкризното ниво. Дополнително, трговија на големо и мало оствари годишен реален раст од 9,2 проценти, а јавната потрошувачка на годишно ниво била повисока за 6,5 отсто.

Во исто време, според гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, банкарскиот сектор според последните расположливи податоци покажува дека има капацитет за справување со евентуални шокови и за обезбедување солидна кредитна поддршка за закрепнувањето на економијата, адекватноста на капиталот забележува една од највисоките стапки во последните десетина година, заедно со ликвидноста на банките и ниското ниво на нефункционални кредити.

– Адекватноста на капиталот изнесува 17,3 проценти, што претставува повисоко ниво во однос на преткризното ниво и е една од највисоките стапки што сме ги имале, воопшто, во последните десетина години. Ликвидноста, исто така, е на солидно ниво, всушност кај нас банкарскиот систем традиционално се одликува со високо ниво на ликвидност. Нефункционалните кредити воопшто не пораснаа во текот на овој кризен период. Напротив, тие постепено, умерено се намалуваа и сега изнесуваат околу 3,3 отсто во вкупните кредити, истакна Ангеловска-Бежоска.

Сепак и покрај ваквите трендови, од Фајнанс Тинк оценуваат дека во услови на неизвесност околу времетраењето и интензитетот на руско-украинскиот конфликт, како и околу можните ефекти од санкциите кон Русија врз пазарите на енергенси, претходната проекција за раст на домашната економија во 2022 година од 4 отсто станува нереална.

– Неизвесноста во економијата се засили на почетокот на 2022 година, како резултат на зголемените притисоци од цените на храната и енергијата на глобално ниво. Притисоците врз цените и изгледите за растот дополнително се влошија со инвазијата на Руската Федерација врз Украина на 24 февруари 2022, оценува Фајнанс Тинк во Макроекономскиот монитор К4 2021 објавен вчера.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Фрчкоски: Европските односи со Русија и режимот на Путин се во состојба од која нема враќање

НАЈНОВО

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

Малолетник се сомничи за обид за убиство на таткото

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk