ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Посветени сме на унапредување на родовата еднаквост која е гарант за напредок на општеството

March 8, 2022 18:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политиките на СДСМ се насочени кон родова еднаквост, еднакви можности, унапредување на правата на жените, подобрување на животниот стнадард на граѓаните, нулта толеранција за дискриминација, за сексизам и родово базирано насилство, против предрасуди и стереотипи, велат од СДСМ во соопштение за јавноста.

„Ние ја поттикнуваме застапеноста на жените во општествениот живот и во политиката креираме политики за подобрување на положбата на сите жени, без оглед дали се од рурални или од градски средини, студентки или пензионерки, вработени или домаќинки.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предводи во реформите за рамноправна застапеност на двата пола во органите и телата на партијата. Во Извршниот одбор, во централниот одбор на СДСМ застапеноста на мажите и на жените е 50:50.

Изминатите години се направени големи чекори за подобрување на економскиот статус на жените. Покачувањето на минималната плата на 18.000 денари има огромно значење за подобрување на животниот стандард, имајќи предвид дека половина од работоспособното население се жени и дека тие доминираат меѓу примателите на минималната плата. Истовремено значително е покачена просечната плата, растат и пензиите.

Посебни мерки и политики се креирани за започнување на сопствен бизнис од страна на жените, како и неповратна помош за жени земјоделки.

Континуирано ги унапредуваме правата на жените со заштита од дискриминација и родово базирано насилство.

Веднаш по доаѓањето на власт ја усвоивме Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство – Истанбулската конвенција, како и Национален акциски план за нејзина имплементација. Со Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство државата воспостави сеопфатни и интегрирани политики да превенира и да ги заштити жртвите на насилство.

Со новиот закон за прекин на бременоста, ја исправивме неправдата и ѝ го вративме правото на жената да одлучува за сопственото тело и за сопственото здравје.

Родовата еднаквост, како предуслов за слободно, демократско, праведно општество секогаш е наш висок приоритет затоа што во општество каде сите се еднакви може да има вистински напредок“, се вели во соопштението.

Next Post

Пристигна барањето за разгледување на апликацијата на Украина во Европската комисија

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk